Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

12. Општина КИЧЕВО

Арангел

Кичево (Кичава)

Подвис

 

Арангел (Србица)

 

Крајпатна стража. Сл. 70.

 

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 17.

 

Местоположба. Месноста „Маркулија, Маркова Кула” лежи 1 км североисточно од раселеното село Арангел и исто толку далеку од Србица. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со

 

Сл. 70. „Маркулија”, Арангел, доцноантички збег, користен и во средниот век

Сл. 70. „Маркулија”, Арангел, доцноантички збег, користен и во средниот век

 

207

 

 

Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево — Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј.

 

Најстари остатоци. Во доцноантичко време на врвот од чуката било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор од 1,4 ха. Наоди: доцноантичка грнчарија, монети од доцниот 4. и 6. век. Во долината 1 км јужно од Маркулија, на потегот „Манастир” и „Мега”, лежат остатоци од истовремена населба со ранохристијанска црква. Кастелот на Маркулија ја штител оваа рударска населба и го надгледувал преминот меѓу провинциите Нов Епир и Превалитана.

 

Средновековни остатоци. Во средишниот дел на тврдината регистриравме парчиња од словенски црепни, ситни предмети исковани од железо и врвови од стрели за пробивање панцир, потоа една бронзена апликација — тамга (протобугарска, 9.—10. век). На обѕидието нема траги од обновувања.

 

На Маркулија веројатно само повремено постоела стража низ кризните години, којашто го контролирала важниот пат од Охрид преку Кичево кон Полозите и кон Скопје на север.

 


 

Кичево

 

Кастрон Китсава — град Кичава, регионално средиште.

 

Лит.: Ј. Трифуновски 1971, 15 и н.; — А. Стојановски 1981, 75; — И. Микулчиќ 1987, 185; — В. Кравари 1989, 279; —

 

Местоположба. Месноста „Кале” се наоѓа на источниот крај од централниот дел на Кичево. Претставува питомо ритче со кружна основа зарамнето озгора, високо до 20 м над источното подножје и реката (633 м н.м.). На западниот крај се поврзува преку ниско и широко седло со рамницата, во која се соединуваат рекичките Осојска, Зајаска и Темница формирајќи ја Велика. Тука израснало јадрото на средновековниот и денешен град Кичево.

 

Најстари остатоци. Непосредно крај западното подножје на Калето поминувал прастариот пат од Скопје и Полозите кон Охрид на југ и Прилеп на исток (античкиот пат Скупи — Лихнид). Веројатно во римско време на Кале бил изграден крајпатен кастел за контрола на патот. Оваа тврдина постоела на крајот од антиката; најдени се монети — една остава закопана по средината на 3. век, потоа единечни парчиња од 4. и 6. век (во Археолошки музеј Скопје).

 

Средновековни остатоци. Градот Кичава бил изграден врз постарите остатоци, на површината од околу 150 х 100 м. Во турско време покрај тврдина-

 

208

 

 

та постоела и голема цивилна населба, која прераснала во денешниот град. На просторот на старата крепост денес е уреден градскиот парк. Археолошки ископувања тука не се вршени. Во 1929 г. најдени се 302 сребрени монети од 14. век (српски и венецијански; во Народниот музеј, Белград).

 

Повеќе документи го спомнуваат Кичево. Во повелбата на Василиј II од 1020 г. стои „тен Китсавин”; — во 11. век — „кастрон Киттава”; — во 13. век — „тен Китсавин”, „тес Китсавеос”; „въ Кичаве”; во 1265 г. се споменува „от Кичаво”; — во 1300 г. — „от Кичаве”; во 1468 г. — „Кирчова” (турски). Кичава функционирала низ вековите како византиски кастрон (од 10. до 13. век), кој ги контролирал патиштата на периферијата на Царството, во насоката на честите српски упади од север. Во 1257 г. Србите за кусо време ја освоиле Кичава, а меѓу 1282 и 1297 г. Милутин за постојано ја одзел од Византија. Во ранотурско време во тврдината Кичава била сместена стража; во 1468 г. населбата броела 217 куќи, а тврдината 14 стражари; во 1519 г. имала 20 војници.

 

Името Кичево е словенско и упатува веројатно на 9.—10. век.

 

Сл. 71. „Градиште”, Подвис, наоди од 10.—13. век

Сл. 71. „Градиште”, Подвис, наоди од 10.—13. век

 


 

Подвис

 

Висока регионална стража. Сл. 71, 72.

 

Местоположба. Месноста „Градиште” лежи 1 км ЗСЗ од Подвис. Тоа е северниот дел на еден тесен планински срт со стрмни карпести страни, што се наднесуваат 300 м високо над долинката на Голема Река и над патот од Кичево кон Охрид односно Дебар. Пристапен е само преку мало седло од југ.

 

209

 

 

Сл. 72. „Градиште”, Подвис, доцноантичка стража, користена и во средниот век

Сл. 72. „Градиште”, Подвис, доцноантичка стража, користена и во средниот век

 

210

 

 

Го наткрилува масивот на Голјак. Визуелно комуницира со старите тврдини во Кичево, 8 км на североисток; со Ижиште, 16,5 км на исток; со долината на Велика до нејзиниот западен дел, каде што патот за Охрид скршнува на југ кон преминот Пресек, а од него се одвојува пат кон Дебар, качувајќи се на преминот Церон. Го надгледува и патот од Кичево кон Железнец и Битола — западната траса што води по долината на Беличка река, 3 км источно од Градиштето.

 

Најстари остатоци. Од предримскиот период потекнува македонска монета (2.—1. век ст. е.). Обѕидието што денес се гледа околу врвот потекнува од доцната антика. Изградено е со цврст малтер и зајакнато со кула на челото. Заградувало простор од 0,3 ха. Наоди: керамика, ситни железни предмети, една фибула со подвиена нога (6. век). Висока стража.

 

Средновековни остатоци. Во северниот дел од крепоста регистриравме парчиња од словенски црпени, еден железен врв од стрела од ова време и бронзена обетка од гроздест тип, од 10.—12. век. Траги од обнови на обѕидието нема.

 

Очигледно е дека оваа висока стража, со извонредно голема прегледност на околните патишта што погоре ги спомнавме, била користена повремено, во кризните настани низ средновековието. Го надгледувала важниот пат, од Охрид и Дебар кон Кичево, Полозите и кон Скопје на север.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]