Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Општи забелешки

 

 

Укрепените места (градовите, тврдините и збеговите) се прикажани на приложените планови, проследени со соодветен текст. Текстот е концизен, без непотребни описни и технички детали. Изнесени се само најосновните информации за секое место, за да може читателот да добие основна претстава. Податоците се сложени по следниот редослед:

 

1. Име. Наведено е името на денешното најблиско населено место до кое се наоѓа средновековната крепост. Покрај овие места наведена е и општината на чија територија се наоѓа. Општините се наведени по азбучен ред. На тој начин читателот ќе може најлесно да го најде бараното место. Секоја општина претставува практично еден стопански и управен микро-регион, една средновековна жупа која имала слично средиште и во средниот век. Преку тоа тие најлесно се идентификуваат со денешните поголеми места и без тешкотии се откриваат на терен. Поради тоа и петте денешни скопски општини ги поврзавме во една единица, Скопје.

 

Во продолжението на денешното име наведено е средновековното име на местото (доколку е забележано, во грчка и словенска форма) и неговиот карактер: кастрон, фрурион, стража или едноставно со старословенска ознака „град”.

 

2. Литература. Освен малиот број исклучоци, речиси сите прикажани места се одбележани во стручните гласила. За помалиот дел од нив постојат исцрпни теренски прикази, за другите само прелиминарни извештаи или попатни информации дадени од друг аспект. Ние тука ги наведуваме само основните дела, односно оние во кои читателот може да ги најде

 

129

 

 

посочените информации за градбите, движните наоди и др., како и погрешните наводи што ние тука ги побиваме. Поднасловот го скративме во разбирлива кратенка „Лит”.

 

3. Местоположба. Дадени се основните координати за секој локалитет: неговата оддалеченост од денешното најблиско населено место (чие име стои во насловот), како и од другите маркантни точки (река, поле, планина, пат). Крепостите се поставени најчесто на некоја височинка чија релативна висина е искажана тргнувајќи од нејзиното подножје, а понекогаш и од пошироката околина. Нагласена е и поврзаноста со некој важен пат што врвел покрај локалитетот или близу до него, потоа со старите рудници и другите стопански ревири (доколку постоеле), а кои биле експлоатирани од жителите на местото во минатото.

 

4. Најстари остатоци. Во претходните поглавија повеќе пати нагласивме дека речиси сите наши средновековни укрепени места биле населени и укрепени во предсловенскиот (антички) период, а некои уште во предисторијата. Од тие времиња останаа бројни тврдински остатоци кои се искористени за средновековните фортификации. Особено маркантни се доцноантичките урнатини кои најчесто биле само поправени и користени натаму низ средновековието. Од тие причини, на секој наш локалитет го прикажуваме и фортифицирањето во најстарите епохи.

 

5. Средновековни остатоци. Прикажани се оние остатоци кои имаат докажани средновековни обележја. Градежните остатоци се дадени со нивните технички карактеристики и главно без детали, а големината им е искажана преку единицата за површина, хектар (скратено „ха”); некогаш се наведени и димензии во метри („м”). За да не го заморуваме читателот, изоставени се бројните технички информации — ширината и должината на обѕидието, бројот и големината на кулите, портите и др. Само во изнимни случаи наведен е некој од тие податоци. Инаку сето ова може да се извлече од плановите што се приложени кон секој локалитет.

 

На крајот, следат пишаните податоци за местото (доколку постојат) или за средновековниот град (тврдина) со кои го идентификуваме местото. По нашите истражувања речиси сите стари градови со сигурност се локализирани на теренот, а само во неколку случаи недостасуваат сигурни докази и тоа е кажано во текстот. Наведени се и други мислења за нивно локализирање, за да може читателот сам да процени колку се тие објективни или се неосновани.

 

130

 

 

6. Планови. За секој локалитет ги приложуваме и плановите, освен во неколку случаи каде не стигнавме теренски да ги премериме и снимиме. Локалитетите ги работевме интензивно во последните 20-ина години и тие претставуваат новост за нашата наука. Од поранешните истражувачи беа снимени само Охрид, Прилеп, Дебреште, и делумно Струмица и Штип. Сите останати планови се дело на авторот на книгава и уште повеќе на неговиот асистент Виктор Лилчиќ. Неговите планови јас главно ги дополнував со некој детал и го доработував релјефот, усогласувајќи ги, исто така, според еден технички образец. Иницијалите на авторите се ставени под размерникот на секој план.

 

Со помошта на размерникот може секој да ги пресмета оние технички детали што се однесуваат за соодветната крепост. Планиметријата е ослободена од помалку значајните и помошни детали — реперите и тригонометриски точки, катастарските потези и меѓи, а еквидистанцијата на изохипсите е ограничена на 10 м (кај помали размери на 20 м). Основите на 13 тврдини се претставени аксонометриски, како тродимензионална реконструкција.

 

7. Илустрации. Движните наоди се искажани преку технички цртежи, во точен размер и со потенцирани украсни детали, а каде што беше потребно, прикажани се од две карактеристични страни па и низ пресек. На тој начин најегзактно е искажана морфологијата и типологијата на предметите од кои секој стручњак може лесно да ги извлече сите потребни заклучоци. Од секој локалитет обично се одбрани само неколку карактеристични предмети кои временски и културно ја определуваат крепоста. Поголем број наоди претставуваме само од неколку тврдини (од Скопје, Просек, Прилеп, Стенче кај Тетово, Луковица) како сондирање во квантитетот на можниот археолошки фонд што лежи на теренот.

 

Најголемиот број од овие движни наоди ги има прибрано соработникот В. Лилчиќ за што особено му благодарам. Илустрациите, главно. ги цртав јас, со помош на дипл. историчар на уметноста Д. Спасова (монети). Мои се и двете карти, како и фотографиите во прилогот.

 

131

 

 

ТАБЕЛА 1

Преглед на укрепени места од среден век во Македонија, со основни показатели

 

[ Будинград?; Бутела (Пелагонија?); Чемрен; Габаларион; Белица; Девич?; Растеш?; Здун?; Иж?; Модрич; Алавандово; Виница?; Баница?; Градец; Соколец?; Трново; Раховник; Бигла?; Звегор?; Луковица; Бучин; Добрун; Железнец; Девол?; Тиквеш; Кичава ]

 

132

 

 

[ Морозвизд; Славшите?; Луково?; Козјак?; Коњух; Жеглигово; Просек; Охрид; Дебрица; Прилеп; Д’бреште; Клетовник?; Зрзе; Морихово?; Трескавец; Злетово; Радовиште; Василида?; Петра?; Преспа; Ѓуриште?; Чрнче; Кожле; Матка; Скопие; Давина? ]

 

133

 

 

[ Св. Спас?; Термица?; Конче; Василис?; Струмица; Леска?; Леш’ск; Собри; Стена?; Бабуна?; Велес; Равен; Чрешче; Штип. ]

 

 

Појаснение кон Табелата 1.

 

Во наведените 10 колони искажани се најосновните податоци за секој наш средновековен град или тврдина. За да се заштеди простор и одбегне непотребно повторување на одделни зборови, истите се нанесени како кратенки. Тоа се:

 

— Бр. — редниот број на укрепеното место, даден по азбучниот ред на општините и на селата во секоја општина.

 

— Функција — го означува карактерот на секое укрепено место, како:

ка — кастрон, поголема тврдина што прераснала во гратче или град.

р.с. — регионално средиште, без оглед на неговата големина.

руд — рудничка крепост и населба.

ст — стража, помала тврдина (крајпатна, регионална или гранична).

збег — збег за цивилното население.

ман — укрепен манастир.

 

— цркви во укрепеното место или непосредно крај него (бројност)

 

— ха — хектар, мерка за големина (100 х 100 м = 10.000 м2)

 

— Варош — неукрепен простор за цивилното население; подградие, емпорион.

 

— ? — Таму каде што не е сигурен податок (средновековното име сочувано само во народното предание, или обновата на обѕидот, или бројот на средновековни цркви) ставен е прашалник.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]