Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

Пред македонскиот читател е преводот на спомените на Германос Каравангелис, костурски (грчки) владика, идеолог и организатор на „македонската борба”, односно на борбата за Македонија од почетокот на веќеминатиот век.

 

Станува збор за поглед од другата страна, од исклучително значаен субјект за грчкото освојување на Јужна Македонија и за нејзиното претворање во Северна Грција. Во тој поглед, на бело видело излегува една експанзионистичка политика, која во себе опфаќа различни операции, од казнените експедиции на андартските чети до софистицираната (подмолна) индоктринација, во која истакната ролја игра грчката црква, со примена на методологија на византиската традиција. Како крајна стратешка цел е поставено прекројувањето на географијата во полза на Грчката држава и асимилација на човечките негрчки души и умови.

 

Сведочењето на Каравангелис навистина не нѐ прави по-среќни, но нѐ прави побогати со изворни информации за пресуднише движења од пред еден век, релевантни за нашата (само) идентификација, како народ и како луѓе.

 

 

Редакцијата

 

[Next]

[Back to Index]