Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

III. ВО КОСТУР

 

18. Балканскиот комитет во Лондон. Успеав да ги следам сите нивни дејствија”. Сарафов во Костур

19. Европски советници и меѓународна полиција во Македонија. „Италијаци, Французи и Англичани, сите тие беа на страната на Бугарите”

20. Бугарскиот митрополит во Битола. Решивме да го истераме

21. Четворица офицер од Атина (Мелас, Папулис, Колокотронис и Кондулис) за детален извештај

22. Дуел помеѓу Мелас и Колокотронис. Младиот херој, славофон по јазик, но Грк по душа Вангел од Сребрено

23. Првиот официјален грчки водач во Костур, Павлос Мелас. Телото на Мелас

 

18. И откако Бугарското востание заврши така неславно и на вид беше една единствена шанса за Грција да ги удри темелите на една нова национална активност во Македонија и да го добие тоа што со години го имаше оставено да со изгуби, индиферентноста, колебањето и одлагањата на Грчката влада, ја остави да помине неискористена и оваа големв шанса. Така Бугарскиот комитот најде погодно време да се преуреди повторно да започне со уште поинтензивна од било кога уништувачка за грцизмот своја активност.

 

Бугарскиот комитет беше разделен на два дела, на Централисти на чело со Сарафов, чијашто цел беше обединувањето на

 

 

35

 

Макодонија со Бугарија, и на Врховисти под водство на Михајловски и на полковникот Јанков од Загоричани, кои бара автономија на Македонија како прв чекор кон обединување, т.е. како што стана со источна Румелија. Од двајцата водачи, Сарафов ги имаше посетено скоро сите престолнини на Европа, држеше говори во полза на Бугарскиот комитст и поткупил еден голем дел од европското новинарство. А во самиот Лондон го основа Балканскиот комитет, кој бешо чисто бугарски. Толку многу се изјасни отворено на страната на бугарските стремежи. Со овој Балкански комитет раководеле браќата Баксон, а нивни загреани подржувачи беа еден Брајлфорд, еден Рајс и дописникот на „Тајмс” Бауцер. Балканскиот комитет испраќаше заради охрабрување и поткрепа на Бугарите во разни места низ Македонија, негови претставници Англичани и беше со нив во постојана врска преку локалните англиски конзули, кој благодарение на неговото големо влијание над Англиската влада, успеа да назначува секогаш бугарофили. Така и сега, веднаш по Бугарското востание испратил во Костур една комисија составена од мажи и жени, меѓу кои се истакнуваше Miss Thomson, да подели облека и пари на напатените Бугари и да ги охрабри во нивните борби. Членовите на комисијата се сместија во една грчка куќа и така јас успеав да ги следам сите нивни дејствија. Дознавав, на пример, деко преку ноќите и мажите и Томсон имаа интервјуа со бугарските војводи и ги охрабруваа, им даваа упатства и совети, а тоа значи дека биле многу опасни за грчките интереси. Во ова следење на движењето на Англичаните, ми помагаше нивната домаќинка Гркинка и особено некои нејзини роднини со кои остварував контакти, за да не се посомневаат во неа. И така со нивна помош дојде до моите раце едно писмо на англискиот конзул во Битола до Англичаните на Балканскиот комитет, кои се наоѓаа тогаш во Костур, а во кое им пишуваше за некое прашање (не са сеќааам за кое и за што точно) што не беше пријатно за Бугарите, а во кое се велеше дека зад него ги проѕира „прстите на Костурскиот митрополит” и им препорачуваше да внимаваат. Ова писмо оригинално му го испратив на грчкиот конзул во Битола. Но, не ми

 

 

36

 

е познато како дознал за моето писмо англискиот конзул — нешто кое предизвика кај него негодување и гнев спрема мене.

 

Оттогаш Балканскиот комитет во Лондон започна да пишува многу за мене, и вистини и лаги. Особено Брајлсфорд и Прајс, кои објавија низа дела во полза на бугарските стремежи, моето име го одбележуваа со најцрната боја кога дописникот на „Тајмс” ја обиколуваше Македонија и завршуваше потоа во Софија како нејзин слеп и глув инструмент. Истиот став спрема мене го имаше и „Новое Времја”, на Петроград, посветувајќи цели статии против мене, кои јас ги негирав, потпишувајќи со еден крст во „Нов Ден” во Трст. Но најмногу беснееше бугарскиот печат. А секретарот на Бугарската егзархија под псевдонимот Bojan и под наслов „Comment le Patriarchat traite les Bulgares” објави еден памфлет полн со лаги и со истакната фотографија на Административниот совет на Костур, каде сум и јас како член на Советот согласно со прерогативите на нашата црква. Под сликата имаше натлис: „Le Metropolite de Castorie et ses Adjutant”. Во овој памфлет цела една глава беше посветена на мене каде што ме нарекуваше Нерон, чиешто име ќе се пренесува со проклетства од генерација на генерација. Во куќата каде што беа сместени Англичаните, често доаѓаа водачите на Бугарите па дури и непознати лица. Претставниците на Турската влада во Костур, дали поради неспособност или поради страв од Англија не го следеа како што требаше движењето на Бугарите и нивните односи со Англичаните.

 

Еден ден дојдоа и ме посетија двајца Англичани придружувани од еден непознат, кого ми го претставија наводно за Англичанец. Во нашиот разговор, каде што јас им раскажував за маките што ги трпат Грците од Бугарите, непознатиот зеде живо учество, отфрлувајќи ги моите аргументи и изразувајќи топли чувства за Бугарите. Кога заминаа од Митрополијата, дојде некој роднина на домаќинката на Англичаните и изрази сомнение дека непознатиот не бил Бугарин, затоа што зборуваше совршено бугарски со бутарските посетители кај Аигличаните. И додаде дека смета оти тој бил или некој војвода на бугарските комитаџии или самиот Сарафов. Тогаш му покажав разни фотографии на бугарски војводи и меѓу нив фотографијата

 

 

37

 

на Сарафов, и најде полно совпаѓање меѓу фотографијата на Сарафов и на непознатиот што ме посетил. Истото го мислев и јас. Тогаш отидов веднаш кај кајмакамот, го известив за оваа историја и му препорачав веднаш да го уапси непознатиот. Тој ми одговори: „И да го фатиме Сарафов, тие имаат илјада Сарафови да постават на неговото место”. Сфатив дека се плаши од Англичаните и не сакаше да преземе никакво дејствие. И така Сарафов си замина необеспокоен од Костур во непознат правец. Човекот што го изрази ова сомнение за Сарафов се вика Теодорос Папаманѕарис.

 

 

19. Целиот овој новинарски шум на Бугарите и на Балканскиот комитет што имаше сериозно влијаиие на европската дипломатија, резултираше со отстапување од страна на Турската влада, а на барање на големите сили, за повеќе привилегии на христијанското население на Македонија. Така, додека дотогаш Македонија беше поделена на вилаети, сега доби генерален администратор, Хилми-паша, претставник на Султанот, со европски советници и меѓународна полиција. Во Западна Македонија беа назначени италијански офицери организатори на полицијата, кои имаа и политичка мисија и повеќе пати сканадалозно се замешаа дури и во административни работи во полза на Бугарите. Во Серес имаше Французи и во Солун Англичани. И сите тие беа на страната на Бугарите, никој со нас.

 

 

20. Освен привилегиите беше дадена и општа амнестија. Беа масовно ослободени од затворите тогаш сите осуденици или обвинети за политички прашања и заедно со нив сите Бугари комитаџии и војводи кои беа уапсени и затворени во разни периоди. Така Бугарите почнаа повторно да дигаат глава, да се враќаат нивните војводи и бандите да слегуваат во своите засолништа. Тогаш и бугарскиот митрополит во Битола успеа да добие дозвола од Хилми-паша и пристигна во Костур со многу пари и облека, вистински имот. Целта му беше да создаде база во Костур и во соработка со Комитетот, да ги охрабри од една страна селаните, а од друга страна да ја обнови Бугарската гимназија во Костур. И ако

 

 

38

 

успееше да остане таму неколку месеци, сигурно дека неговиот престој во Костур ќе имаше многу непријатни послецици за грцизмот. Кога дознав за ова, јас бев на обиколка во Корча. Ми напиша мојот прв заменик Платон: „Доаѓа бугарскиот митрополит”. Веднаш заминав за Костур, каде што влегов во истиот час кога влегуваше и Бугаринот. Одржавме состанок на Советот на старешините и решивме да го истераме. „Но, како?” ме прашуваат. Јас им одговорив: „Ќе дојдете утре сите во Митрополијата рано наутро и оттаму ќе тргнеме за седиштето на Управата, јас напред, јавнат на коњот и по мене народот. „Каква работа има тој тука?” му велам на кајмакамот. „Ама, тој дојде со дозвола од Владата” ми одговори. И додека јас протестирав, народот разгневен викаше надвор: „Надвор Чакаларов, надвор комитаџијата”. Кајмакамот, кој беше и бојазлив, кога ја виде гужвата и ги слушна гласовите, ми побара да му дозволам и да почекам да му телеграфира на Хилми. „Јас” му велам „не си одам оттука, ако не наредиш негово протерување”. Но, тој настојуваше „Ќе ти ја покажам” ми вели „телеграмата што ќе му ја испратам на Хилми и ќе го протера”. И навистина ја испратил. Тогаш ги распуштив насобраните и се вратив во Митрополијата. Оттаму испративме и ние телеграма до Хилми. „Или ќе си оди тој комитаџија од Костур, или ние. И тогаш дајте ни место да живееме”. Но, одговор не добивме. Тогаш порачав, да дојдат другиот ден во Митрополијата сите жени на Костур и и велам на една жена најживата меѓу нив да ме тргне силно за расото и да го искине, за да ме принуди наводно да се качам на коњот. Ја известив полицијата и дојде началникот. Таа ме грабна за расото и ме тргна. „Или ќе си оди тој” ми вели „Или ти да си одиш”. Ја фрлка калимавката со зборовите; „Таков живот, јас не го сакам”. Се качив на коњот и тргнав накај Управата. Ме следеа околу илјада жени. Ги имав фанатизираио. „Што ќе правиме?”, го прашувам кајмакамот. „Јас те прашувам што ќе правиме”, ми одговори. „Немам отговор. Или ќе си оди Бугаринот или сите ќе паднеме”. На пат за Управата минавме со викање и закани пред куќата на бугарскиот митрололит, што ја чуваше цела чета на нож. Токму и ова како и влезот на демострантите-жени во Управата

 

 

39

 

остави голем впечаток па кајмакамот не знаеше што да прави. За среќа, повеќето, едиа по друга, телеграми како на кајмакамот, така и моите, го дадоа својот резултат и пристигна наредба да се протера Бугаринот. Значи нашето востание беше мирно. Кога отидоа и му рекоа на Бугаринот да си оди, тој се оправдуваше дека не може, затоа што е болен. „Добро” му рекоа „остани вечерва, но утре да си одиш”. Но бидејќи и другиот ден не изгледаше расположен да си замине, кајмакамот, кој го гледаше народот на нога, ја испрати полицијата, а таа го дигнала, го ставила на коњот и тој заминал. Кајмакамот ме имаше замолено да не му направат нашите некој „резалет” (резил). Но народот и посебно децата го испратија со освиркувања и фрлање на стари тенџериња од едно ридче.

 

 

21. Комитетот, како што реков, повторно започна со својата засилена активност. Но, новите многубројни убиства на истакнати Грци, моите чести извештаи и дејствијата на офицерите од Атина и особено на Мелас, ја разбудија на крајот од краиштата Владата од нејзиниот злосторски сон и таа решила да испрати на самото место четворица офицери за да испитаат и да дознаат дали е вистина тоа што сум пишувал. И го испратила Мелас, Папулис, Колокотронис и Кондулис. Четворицата офицери дојдоа со трговски пасоши.

 

Кога пристигнаа близу до Костурско Езеро, Мелас ми напишал: „Сакаме да се договориме. Го испраќаме Кондулис”. Испратив кајче и го зедов од манастирот во Цирилово и преку езерото пристигна во Костур. Го сместив во куќата на Менелаос Батринос, крај самото езеро. Таму се сретнавме тајно — царуваше терор — и се договоривме за понатамошната нивна работа и активност. Му ја објаснив добро целата ситуација и го замолив и тие добро да испитаат сè и да состават детален извештај. Потоа му соопштив на Коте и тој отиде и ги зеде сите заедно од Костараци, каде што се наоѓаа и ги придружуваше во текот на целата нивна обиколка низ славофонската зона на Корештата и на Леринско. Ги однесе во сите села дури и во најлошите. Ги преземаше ноќе со својата чета скришно. Коте беше силен и не смееја да се судрат со него, дури и кога се сомневаа во него.

 

 

40

 

 

22. Кога офицерите се вратија во Грција, поднесоа извештај во министерството. Но, за жал, нивните мнслења беа различни и нивното разногласие заврши во дуел помеѓу Мелас и Колокотронис. Односно Колокотронис и Папулас тврдеа дека тешко е функционирањето на Грчкиот комитет. Мелас и Кондулис го тврдеа спротивното. „Имаме” велеа „центри и војводи и одбранбени средства и наше население”. Поради ова нивно разногласие не се постигна ништо и Комитетот продолжуваше без обеспокојување со уништување на македонскиот грцизам. Но, тој што беше станал вистинско страшилиште за Бугарите беше водачот Вангел од Сребрено и затоа решија да го уништат. Тоа се случи во 1904 година пред да се појави Мелас со својата чета. Вангел отишол во Битола заедно со своите четири момци, односно подоцнежните војводи Григор, Христо, Стерјо и уште еден и со попот Димитри, син на свештеникот од Сребрено, кого го убиле Бугарите. Беше празникот на Педесеттиот ден по Велигден, време кога посевите во Македонија се многу високи, повисоки од висината на човекот. Бугарите дознаа дека Вангел се наоѓа во Битола и знаеја дека при враќањето во своето село, тој ќе помине низ едно место со посеви. Тие испратија еден свој агент во Сорович да чека кога Вангел ќе се врати (таму ќе допатувал со железница) и да ја извести за тоа најблиската бугарска чета. Во околината таму беа две банди, на Алексо и на Пандо. Навистина, штом пристигнал Вангел во Сорович, беа известени бандите што се наоѓаа во близина на Ајтос и се сокрија крај патот, каде што требаше да помине низ посевите. Еден од нив се искачил на едно дрво и со дурбини го видел Вангел кога се приближуваше. Комитите се подготвија и во моментот кога Вангел, без да се посомнева минуваше крај нив еден залп го покоси. Така заврши младиот херој, славофон по јазик, но Грк по душа, кој полни четири години работеше самопожртвувано со ентузијазам и даде непроценливи услути за татковината. Неговите момци се распрчкаа и најдоа спас во Сребрено. А него го зедовме од патот, каде што беше убиен и го закопавме во Сребрено.

 

 

41

 

 

23. На крај Грчката влада одлучи да го испрати првиот официјален водач во Костур, Павлос Мелас. Добив тогаш од него писмо во кое ми пишуваше дека наскоро ќе ја помине грчката граница со својата единица за да дојде во Костур и дека би требало да ја засилиме неговата чета и со некои местни мажи.

 

Во Македонија веќе повеќе години беше активен како водач на разбојничка банда Караливанос по потекло од Тесалија, некогашен подофицер, кој избегал од Грција, бидејќи беше гонет за некое злосторство. Тој во 1899 или 1900-та година грабнал како заложник еден многу богат Грко-влав од Клисура, господинот Симотис, кој денес не е веќе жив. Но тој го ослободи Симотис откако го добил откупот и го носел низ сите планини на Македонија. Тој извршил и други вакви злосторства. Но владата на Хамит го амнестирала и го постави на службата кај командантот на грчко-турската граница Несат-паша, кој го користеше против банднте и другите злосторнички елементи. Јас еден ден во 1901 годнна му се доверив нему во Митрополијата и оттогаш тој даде големи заслуги за татковината. Го испраќав да оди низ бугарските села, наводно од страна на Несет-паша, особено во Бобишта, која буквално ја имаше истероризирано. И за време на Бугарското востание спасил многу грчки села од опожарување. Бугарите се обидоа по секоја цена да го отстранат. Но Несет, наспроти сите нивни дејствија го задржал. И веднаш кога Мелас ја поминал границата, Караливанос се приклучил кон неговата чета, бидејќи како познавач на теренот ќе беше бесценет. И кога пристигна во Костур, му дадов и неколку од момците на покојниот Вангел, меѓу кои и подоцнежните војводи Григор и Христо од Сребрено. Во тоа време во Корештата се наоѓаа и Критјанецот војвода Ефтимиос Каудис, војводата Павлос Киру од Жељово, Мито од Чарновишта, Трајко од Брезница, Васил од Дреновени, Христо од Шестево и други во разни села, во Клисура, Невеска, Белкамени, Костенарија и другаде.

 

Но организацијата на Бугарскиот комитет беше толку совршена, така што навлегувањето во зоната на нивното владеење беше мошне тешка работа. Затоа што секогаш, кога некоја бугарска

 

 

42

 

чета ќе се најдеше во опасност, дали од турска војска или од грчка чета подоцна, Комитетот со помош на селаните се собираше со неверојатна брзина, би се рекол автоматически, таму и го спасуваше.

 

Мелас имаше упатства од Грција да не се судири со турската војска, нешто кое беше мошне неповолно за нашите чети. И јас го известив повеќепати да не навлезе во Корештата, туку да започне да го усовјува теренот лека-полека. Но Мелас беше незадржлив во својот патриотски ентузијазам. Тој посети веднаш многу бугарски села и со деликатността на начинот и учтивоста што го карактеризираше им проповедаше на селаните и работеше систематски и ефикасно. Влезе и во Прекопани, каде што ги казнил примерно убијците на попот Христо. Оттаму отиде во Сребрено, во Лехово, во Невеска и во Белкамени.

 

За жал, по малку време му беше пишано да стане жртва на следниот инцидент. Кога се наоѓал во Белкамни, доснал еден ден дека во Нерет се наоѓал Митре Влаот со својата чета. Јуриша веднаш во Нерет и ја опседна куќата каде што престојувал Бугаринот — се разни бикта и ќе паднеше убиен или ќе изгореше заедно со куќата на Митре Влаот, ако не пристигнуваше турска војска од Лерин. Мелас попусто ги моли со сигнали Турците да престанат за малку и да го остсват да војува со Бугарите. Тие настапувале против него, започнаа со бој и тогаш беше убиен еден от неговите луѓе, фармацевтот Модис од Битола. Врз убиениот Турците најдоа белешка на Калергис, грчки конзул во Битола, во која му пишуваше на Мелас и го молеше да го прими носителот, тврдејки дека тој бил од нашите и човек од доверба и проверен. Тоа беше повод да побара Турската влада преместување на Калергис, кој беше принуден да замине. Покасно тој стана министер за надворешните работи и амбасадор на Грција во Рим.

 

Мелас, кога видел дека се нашол меѓу два огна и дека е во опасност да биде опкружен, беше принуден да се повлече и така Митре Влаот успеа да побегне во Кономлати. Мелас тргна за Жељово, славофонско село, но кое со борбата на учителот Никола, на Наум, на Трајко, на Павел Киру и на други беше станало акропол на грцизмот во Корештата. Отишол таму за да се сретне со Каудис и со

 

 

43

 

Павел Киру. Жељово се наоѓа на патот Билишта - Лерин и на границата на околиите Костурска, Преспанска и Леринска.

 

Над Жељово, високо во планината е влахофонското село Псодери, чијшто свештеник поп - Ставрос, влахофон и тој, но ентузијаст Грк, го искористив во текот на целото ова време како посредник за моите контакти со селата во Преспа, Лерин и Битола и сигурно ќе му даваше бесцени услуги и на Мелас со своите знаења што ги имаше за теренот и луѓето. За жал, не беше пишано да ги сретне Мелас овие блескави патриоти, со кои ќе можеше да направи чуда. На пат погина Мелас и по две години погина и Павел Киру и попот Ставрос, убиени од Бугарите.

 

Мелас, под пороен дожд (беше ноември месец) и во темна ноќ, одеше по високите планини на трсје, пристигнал во Корештата и бил принуден да остане во селото Статица, мешано село, како би се одмориле малку неговите момци, пред да го продолжат својот пат за Жељово. Но, тогаш Митре Влаот, кој изгледа беше детално информиран за сите движења на Мелас, испратил писмо напишано на грчки, до капетанот на тамошната во близина турска војска, со кое му го соопштил местото каде што отседнал Мелас. Писмото го напишал некој си Констандинос по наредба на Митре Влаот и со него им соопштувале наводно на Турците дека во Статица на тоа и тоа место се наоѓа сокриен Митре Влаот, за чиешто убиство Турската влада ветувала награда поради неговите многубројни и страшни злосторства. И неговиот трик успеа. Турскиот капетан побрзал веднаш и ја опседнал уште истита вечер Статица и ќуката каде што беше Мелас. По лаењето на кучињата Мелас сфатил дека нешто се случува. И тука направил голема грешка. Со пиштолот в рака сакал да излезе надвор на кратко извидување. И токму во моментот кога излегол од портата, силен плотун од војската го струполила на земйата. По малку чеќе бил мртов. Бил погоден во пределот на мевот. Неговите седум момци, кои биле сместени во истата куќа заедно со него, го тргнале неговото тело внтра, ја затвориле портата и за кратко се бранеле. Но, на крај беле принудени да се предадат, откако претходно го сокриле телото на нивниот водач. Турците ги зеле

 

 

44

 

триумфално седумтемина и заминале без воопшто да знаат дека погинал Мелас. Тоа беа Гиоргис Воланис, храбриот Критјанин, кој подоцна се истакна како командир на чета во борбата и роднините на Вангел — Григор и Христо. Нив ги испратија во Костурскиот затвор. Караливанос со другите кои беа сместени во други домови успеаја да ја избегнат опасноста.

 

Кога дознав за трагичниот настан, веднаш ги известив заробените во затворот да не го кажат името на нивниот водач, сметајќи дека ќе останеше тајна смртта на Мелас. Истовремено испратив еден млад по име Дине од Статица да појде и да го пренесе во Костур за солиден надоместок телото на Мелас за да го погребам. Но телеграфски беше информирано министерството од Конзулатот за страшната несреќа и народот во Атина беше потресен. Турската влада дознала од телеграми од Атина дека загинал Мелас, зетот на Драгумис (во печатот се дигна голем шум) и издала наредба преку телеграми до властите да ги испитаат подобро настаните и да го пронајдат телото на убиениот. Цел мравјалник војска пристигнала во Статица скоро во истиот момент кога пристигнал и Дине и така тој немајќи можност да го пренесе целото тело, ја отсече главата и ја пренесе во Псодери, каде што ја погребаа во црквата. Војската го пронашла обезглавеното тело и го пренесле во Костур. Го донела во Управата точно во времето кога имавме состанок на Управниот совст. Преку прозорот ја видов војската како го носи телото и го прашав кајмакамот. Тој ми одговори дека е наводно телото на Митре Влаот. Потоа слегол во дворот, ги собрал писмата што се најдоа во него и ги донесе во Советот. Писмата беа до господин Ѕеѕас псевдоним на Мелас, а меѓу нив имаше и повеќе мои писма под мојот псевдоним Костас и со посебно шифрирана азбука со латинско писмо. Од сè очигледно беше дека се работи за некој водач Ѕеѕас, ништо не сведочеше дека е тоа Мелас. Тогаш кајмакамот ме праша, кој е убиениот. Му одговорив дека се вика Ѕеѕас и ништо повеќе не знам. Тој повторно ме праша; „Кое е неговото вистинско име?” И пак му одговорив дека верувам оти неговото вистинско име е Ѕеѕас. За да ме принуди да го кажам неговото вистинско име, бидејќи и владата

 

 

45

 

и дворецот очекуваа со нетрпение да слушнат за резултатот, кајмакамот изјави дека убиениот е Бугарин и ќе донесе од Апосекеп бугарски поп за да го закопаат Бугарите во бугарско село. Му одговорив дека името му е грчко, а писмата иако се шифрирани, во нив има и неколку напишани на грчки, и тие се анонимни, но нема ниту едно бугарско. Следствено убиениот е Грк и требаше да ми го предаде мене за да го извршам мојот последен долг кон него. Но тој настојуваше до крај да им го предаде телото на Бугарите. Кога видов дека и натаму настојуваше на своето, јас ја известив тајно младината во Костур да дојде веднаш пред административната Управа и со викање да го бара телото на грчкиот војвода за да го закопа. Веднаш пристигнаа неколку стотици во дворот на Управата и согласно со моите упатства викаа дека ќе го земат телото на Гркот. Се дигна голем шум, но кајмакамот остана непопустлив. Тогаш, јас вон себе, излегов од Управата и отидов во куќата на Мимтас-беј што беше отспротива, каде што беа собрани сите бејови од Костур и го известив за мизерниот став на кајмакамот и покажувајќи им ја насобраната маса народ отспротива, им реков дека ќе се пролее многу крв во Костур, затоа што грчкиот народ е опијанет и тоа со право, од револт и дека сме решени и јас и мојот народ да паднеме врз трупот на Ѕеѕас. И заедно со кое ќе паднат и многу Турци, нешто кое не го посакувам, затоа што до ден денес грчкиот народ живееше секогаш мирно и пријателски со турскиот народ и би била неправда сега заради инаетот на еден туѓ човек (кајмакамот беше од друго место), кој денес е тука, а утре нема да биде тука, да се пореметат овие пријателски односи и да изгори еден град со таква цивилизација каков што е Костур. На крај упатив топол повик по нивните патриотски чувства и им препорачав да интервенираат решително за мирно решавање на прашањето.

 

Можете само да замислите каква беше мојата психолошка состојба. Бев решен да не ја напуштам Управата жив, ако не го добијам телото на Мелас За среќа беговите ги убедив со моето кажување и тие сите заедно отидоа во Управата и му рекоа на кајмакамот дека треба да ми го предаде телото или да си замине од

 

 

46

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]