Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

III. ВО КОСТУР

 

  7. Војводата Гелев. Првиот случај на противодмазда на Грците

  8. Бугарите ја засилуваа својата активност

  9. Лека полека започна да се буди интересот и на јавното мнение во Грција”

10. „Комитетот на митинг одлучи да бидам убиен”. Лука

11. Беа убиени и првите војводи на Бугарскиот комитет

 

7. Од Коте бев дознал за една сцена меѓу Чакаларов и еден друг бугарски војвода, Гелев, за едно семејно прашање. Чакаларов ја бркал жената на Гелев и Гелев беше силно разгневен поради тоа, освен тоа Гелев му беше братучед на попот Илија и неговото убиство не го прими со задоволство. И така му реков на Коте да му напише писмо со кое ќе побара средба со мене. Гелев се согласи и како место за нашата средба се определи селото Статица, таму каде што покасно погинал Мелас. Јас оставив едно запечатено писмо кај мојот прв помошник, незаборавениот светомаченик Платон, писмо што ги содржеше моите пораки во случај на моја смрт и ноќта заминав од митрополијата заедно со мојот курир Емин, еден верен турчино-албанец. „Каде ќе одиш?” ми вели мојот прв помошник. „Ти оставив писмо во зградата, а ќе го отвориш само во случај ако не се вратам. Таму сум напишал каде ќе одам”.

 

Кога излеговме од Костур, Емин ме праша: „Каде одиме?” „Надвор од Корештата” му велам. „А, не, ми отговори, јас имам деца”. „Не се плаши” го успокојувам „се договорив”. „На врат ме земаш” рече Емин, но продолжи. Имавме два јаки коња, тој својата пушка, а јас малихерката и една црна шамија на глава за да не ме

 

 

21

 

препознаваат лесно. „Каде одиме?” ме прашува пак по малку време. „Ќе одиме во Статица”. Ова село е шест часа одење од Костур. По пат не сретнавме никого. И кога пристигнавме, бугарскиот курир на Гелев нѐ чекаше и нѐ поведе во едно куќарче. На одење размислував: „Грција нѐ напушти. Значи треба да земам сѐ од нив”

 

Куќарката каде што нѐ однесе имаше само една соба, во горниот кат. Долу беше стоката, волови, коњот, магарето. Ме сместија во оваа единствена соба и чекав. Помина полноќ, дојде еден часот, дојде два и уште нема никого. Одеднаш во два и пол часот, слушам како лајат кучињата и помалку ми се стори дека слушнав надвор чекори. Речиси во истиот момент, се дигна една штица од подот и од отворот се појави една бугарска глава. Беше војводата Гелев. Зад него влегоа петнаесет негови момци. Ги гледав сите, крај мене го имав својот револвер. Гелев ми се приближи и сакаше да ми ја бакне раката. Но, јас го запрев. „Остави” му реков „да поразговараме, па потоа”. Но, тој настојуваше, и му дозволив.

 

Гелев знаеше малку грчки и така разговаравме на грчки. Тој беше од Трсје, село близу до Лерин, а бил бугарски учител порано. И така разговорот започна. Му кажав сѐ што му имав кажано на Коте. И додадов. „Вие работите за слободата на Македонија. Вашата цел е света. Дали е дозволено едно здружение со таква света цел да врши такви убиства?” Гелев молчеше. „Кажи ми” го прашувам „отидовте кај попот Илија. Тој ве прими?”. „Да”. „Ви даде леб?” „Да”. „Тој беше добар човек”. „Да”. „Тогаш зошто го убил тој злосторннк?”. „Да” ми велн „и јас се налутив поради тоа”. „Што ако си се налутил? Така, заради каприц да убне еден таков човек?” „Освен тоа” додадов „јас знам сѐ за Чакаларов. Двајца луѓе кои заедно излегуваат в планина, треба да бидат како браќа. Значи, твојата жена требаше да му биде света. Сето тоа, треба да знаеш ќе донесе големи зла. Од Бугарија” му велам на крај „не треба да очекуваш ништо. Само кога ќе ги видиш по врвовите на Македонија Грчињата и мене со пушка в рака, само тогаш да дигнеш револуција”.

 

На крајот од краиштата го убедив. Беше силно возбуден и почна да плаче. Јас имав готов запис од Костур за Делијанис и му го

 

 

22

 

покажав. „Што е тоа?” ми вели. „Ова е потврда дека ќе работите за Грчкиот комитет. Наскоро ќе пристигнат од долу грчки чети, Критјани и Мањатн. Ќе видиш, секоја гранка и јунак”. Тој се потпиша со својот бугарски печат со натпис „Војвода Гелев”. Другите, некој потпишал рачно, некој удираше печат. Тогаш реков дека ќе им давам месечна плата, оти срамота е да земаат пари од бедните селани. Три лири за него и по една и половина за секој од неговите борци.

 

...................................................

 

Го зедов документот со нивните потписи и заминав, а утрото веќе бев во Костур. За неколку дена Гелев ги убил двајцата комити, убијци на попот Илија. Ова беше првиот случај на противодмазда на Грците. А се случи 1901 година.

 

Кога пристигна информацијата, јас бев во Управата со Управниот одбор. „Што им се случи на Бугарите, та се убиваат меѓу себе?” ме прашува кајмакамот. „Не се радуваш ли?” му одговорив. „Ама, ти нешто знаеш” настојува. „Не знам ништо, ама се радувам”.

 

Веднаш испратив извештај до Делијанис во Атина, а во прилог и изјавата на Гелев и го информирав дека одвлеков и друга бугарска банда која претходно правеше големи зла против Грците. И го молам да ми испрати помош во луѓе. Никаков одговор. Истото му го напишав потоа и на Заимис. „Испрати ми педесет борци, педесет Критјани, да ги спојам со моиве. Ке направам така дваесет чети и ќе ги распределам, од Бистрица до Мариово и до Битола, во Лерин, во Острово, Сетина, Владово, Воден и до Караџова. Времето е соодветно за акција. Голем број првенци, свештеници и учители се посветени на борбата и војводите очекуваат помош од Грција. Доаѓањето на борците од долу ќе ги окуражи нашите, ќе го попречи нивното отцепување и ќе им ги предадам на Коте, на Гелев, на челникот Вангели, на челникот Георги од Неговани и на други и веднаш ќе наредам да убијат во секое село по еден-двајца бугарски војвоци и така сиот терен ќе биде наш”. За жал. Грчката влада беше исплашена од поразот во 1897 година и никако да се одлучи да отстапи

 

 

23

 

од таа своја позиција. Дури Заимис се потресе и рече: „Да го земеме веднаш Каравангелис од Костур, оти ќе ни направи големо зло”.

 

 

8. И додека нашите беа во инерција, Бугарите ја засилуваа својата активност. Претседателот на Бугарскиот комитет Борис Сарафов, кој се наоѓаше тогаш во планината кај Смилево северно од Битола, кога дознал за мојот разговор со Гелев и неговото отцепување (во меѓувреме дојде до вооружен судир помеѓу Гелев и Чакаларов), слегол со силна единица составена од повеќе од триста борци, го опколил Трсје, селото на Гелев, го фатил него и жена му и ги парчосал. Тогаш, јас потресен и вон себе, испратив телеграми до Патријаршијата дека поднесувам оставка, оти не можам да гледам рамнодушно како се лее грчката крв. Патријаршијата не ја прифати мојата оставка. „Имај трпение”, ми рекоа. И јас се стрпив. Но ако ја имаа испратено помошта што ја барав, не ќе го имаа убиено Гелев. Ниту него ниту толку други.

 

Бугарскиот комитет имаше во самиот Костур шпиони, кои следеа и гледаа кој доаѓаше во Митрополијата. Еден ден, кон крајот на 1901 година, мислам дека беше во ноември, дојде во мојата Митрополија еден старец, над седумдесет години, попот Димитри од Сребрено. Иако беше стар, се држеше како јунак. Иако Бугарите му наредија да не доаѓа во Митрополијата, тој сепак дојде и така јас научнв многу работи за Комитетот и за дејствата на Бугарите. „И мене” ми рече на крај „ме прогонуваат жестоко, оти не се отцепив”.

 

Си замина од Митрополијата. И по еден два часа го убија. Можете да замислите колку тешко ми ладна. Во тоа време Бугарите убиваа попови и назначуваа бугарски попови. Го убива учителот и местеа бугарски учител. Кој да ги спречи?

 

Кога дознав за убиството на попот Димитри, го поканив веднаш неговиот син, дваесетгодишно момче, го ракоположив за свештеник на селото на местото на таткому и го преименував во поп Димитри. Попот Димитри имаша и еден внук, Вангел, вистински гигант и по височина и по душа. Го повикав и него во Митрополијата заедно со синот на попот Димитри и со други роднини и откако им изложив

 

 

24

 

каква болка предизвика кај мене злосторството и какви злосторни луѓе се Бугарите, им реков дека треба да се вооружаат и да си го бранат селото. И обраќајќи му се на Вангел му изјавив дека ќе биде недостоен на своето јунаштво поколку не им се одмазди на убијците на неговиот чичко. Но кога јас за првпат отидов во Костур, најдов двајца бугарски војводи кои дејствуваа во околијата, секој со своја банда, командирите Марков и Петров. И така овој Марков, бил во Сребрено и ги заколнал селаните за Бугарскиот комитет заедно со Вангел. Тоа ми го кажа самиот, но јас го смирив. „Јас ќе те ослободам од твојата заклетва, му реков. „Тие ти го убија чичкото, ги убиваат секој ден нашите пријатели и роднини. Треба да се одмаздиш”. И откако го ослободив од принудната заклетва, го заколнав врз Евангелието за Грчкиот комитет, му дадов оружје и муниција и сите заедно со новиот свештеник ги испратив во Сребрено, каде што беше создадена првата грчка чета во почетокот на 1901 година од дванаесет јунаци под водство на Вангел. Меѓу нив беа неговиот внук Григор и еден Христо, а нив подоцна ги прогласил војводи и кога погина Мелас ги фатија и ги фрлија во затвор.

 

Една вечер Бугарите ја опколија куќата на Вангел. Но, тој заедно со Григор, со Христо и уште некои други ги задржа напаѓачите со борба до утрото и така се спасија. Вангел ми направи големи услуги, уште пред да се појави Мелас. Само откако го убија Гелев и Вангел и други, се разбудија и тука.

 

Иста таква организација извршив и во други села. Во Нерет, на местото на убиениот поп Константин, го ракоположив неговиот син Димитар и го преименував и тој како поп Констандин. Новиот поп заедно со неговиот брат Нико, чичко му Јани и други роднини и пријатели, се покажаа како значајна сила, која водеше борба доста долго време соочувајќи се со илјадници опасности.

 

На сличен начин ја организирав одбраната и во другите села, во Жељово бугарофонско, но најгрчко село, во Псодери, влашкофонско село, во Богацко, во Клисура, во Лехово. Ги вооружував селаните и од своите куќи се бореа против Бутарите секогаш кога тие сакаа да влезат. Во Неговани го назначив за војвода челникот Ѓорѓи.

 

 

25

 

 

9. За сето ова го известував конзулот во Битола, со кого се допишував, а преку извештај и Министерството во Грција. Но, лека полека започна да се буди интересот и на јавното мнение во Грција. Моите извештаи, од една страна, а од друга страна масовните убиства на Грци низ цела Македонија, предизвика едно живо патриотско движење, сѐ уште крајно приватно, во кое како иницијатори се јавија повеќе храбри офицери, како Данглис, Мелас, Ексадактилос, Мазаракис, Цонтос и други, и пред сѐ фамилијата на Македонецот Стефанос Драгумис и маркизата Луиза Рианкур. Тогаш Павлос Мелас, читајќи ги моите извештаи, почна да се допишува со мене. Во моите писма јас се потпишував под псевдонимот Костас Георгиу, значи Костурски Германос. Мелас ми честиташе за мојата борба, се обидуваше да ме охрабрува за неа, велејќи дека многу патриоти во Атина му се придружуваат и активно дејствуваат околу Владата и дека самиот тој му се става на располагање. Во едно свое писмо тој, изгледа разочаран од инертноста на Владата, ми пишуваше: „Го прочитав твојот извештај до Министерството. Но, тука спијат. Што можам да сторам за тебе јас?” Му одговорив: „Испрати ми сто пушки со фишеци и уште толку гуњи”. Веднаш ми одговори: „Ги испратив во Каламбака и погрижи се да ги добиеш од лекарот Рамо и од Анагностолулос”.

 

Испратив тогаш една мала чета на границата, во Каламбака од каде го примија оружјето и ми го донесоа во Костур. Тоа беше за мене големо олеснување. Тогаш за прв и последен пат ми испрати Рианкур, без јас да и побарам, една парична помош од двесте лири. Овие пари ги потрошив за исплата на плати на четата на Коте.

 

Но нашата борба беше нерамноправна, затоа што Бугарскиот комитет имаше комплетно организирана мрежа низ цела Македонија, со многу и искусни војводи и изобилство извори на средства, додека ние се потпиравме само на нашите сиромашни сили. Ако Грчката влада решеше тогаш да се сообрази со моите укажувања, што ги испраќав преку консулот г-дин Пезас од 1901 година и натаму преку наследниците на Пезас, ке пропаднеа сите планови на Бугарскиот комитет. Додека, кога таа се реши да испрати луѓе од

 

 

26

 

Грција, веќе беше многу доцна, затоа што Бугарскиот комитет ги имаше убиено најважните фактори на грцизмот во цела Македонија и беше мошне тешко грчките единици да влезат и да развијат активности во пределите на влијанието на Бугарскиот комитет. И кога тоа се случи од 1904 год. па натаму грчките одреди успеаја да влезат на територијата на Бугарскиот комитет, и тоа го постигнаа со многу големи жртви.

 

 

10. Но, сепак нашето живо национално движење во тоа време во Костур, ги вознемири бугарските кругови во Софија и Комитетот на митинг одлучи да бидам убиен и испрати за таа цел во Македонијај чета со таков специјален налог. Но, штом ја донесоа оваа свечена, одлука, турската амбасада во Софија ја извести Турската влада, а таа Патријаршијата и од таму ми напишаа и ми забранија да излегувам во обиколки, укажувајќи ми истовремено да ги преземам сите заштитни мерки. Во меѓувреме бандата беше стигнала во Корештата. Но, кога видела дека е невозможно да ја поститне својата цел, затоа што јас веќе презедов мерки и внимавав, одлучила во Чрновишта, да испрати еден свој член да ме убие во самиот Костур. Тие со ждрепка одлучија, а ждрепката паднала на еден млад човек од Костур, по име Лука, син на еден Влав. Тогаш дојде еден мој верен човек од Чрновишта, по име Мито, кој го убил близу до Кономлати заменикот на војводата Митру Никола и ме извести дека една бугарска банда вспратила со ждрепка еден свој член во Костур за да ме убие. И да си ги преземам сите заштитни мерки, посебно во времето кога одам од Митрополијата до судот. И навистина еден ден дознавме Емин и јас дека кај аголот на патот дебнее некое сомнително лице, сосема непознато и за мене и за него. Веднаш му наредив на Емин да го фати, потоа слегов и јас од коњот и заедно го пренесовме во Митрополијата. Таму го однесовме во подрумот, извршивме претрес и му најдовме еден голем револвер и еден нож. И под закана на тепање тој призна сѐ, посебно кога виде дека ги знаев сите детали. Додаде само дека штом ждрелката паднала на него, тој морал да војде во Костур, иако немал намера да го изврши

 

 

27

 

убиството. И со додворување и ласкање се обидуваше да ме убеди за да се спаси, дека кога ме видел од далеку „таков јунак, таков млад, убав и смел”, толку многу се нажалил што му било невозможно да ја изврши наредбата на Комитетот. Јас го известив веднаш кајмакамот и тој дојде заедно со началникот на жандармеријата и со истражкиот судија и го распитаа Лука, кој призна сѐ како што ми призна и мене.

 

Управата го испрати во затворот во Битола од каде што излегол по Бугарското востание, кога Турската влада објави општа амнестија. Тој се вратил во Корештата и стана водач на една банда. Под тоа својство ми напишал едно писмо во кое пишуваше дека сега ќе се сретнеме и ќе ги расчистиме старите сметки. Но по неколку дена под селото Шестево се сретнал неочекувано со турскиот аскер и во судирот тој и двајца од неговата банда беа убиени.

 

 

11. Во меѓувреме беа убиени и првите војводи на Бугарскиот комитет, Петров од Шестево и Марков од Патели и ситуацијата даваше некаква недеж. Но, нашите не мислат да се разбудат. И по малку Комитетот повторно започнува со поинтензивна активност. Го испраќа од Софија Далчев, инспектор на бандите. Го испраќа уште и Гуранов, Давидов и други со план за уништување на секој гркоман, кој би се спротивставил на нивниот план. Повторно започнаа уште пострашни убиства во цела Македонија. Тогаш му напишав на Мелас. „Испрати ми од таму неколку момци”. И Мелас ми испрати чисто по своја иницијатива десет млади Критјанчиња, во јуни 1903 година и ми напишал: „Кога ќе го научат добро теренот, да ги направиш војводи”. И навистина сите беа јунаци. Но помошта дојде многу касно. За дваесет дена беше прогласено Бугарското востание. Во тие десет беа: Ефтимос Каудис и Георгиос Диконимос или Макрис, кои се истакнаа со своето јунаштво и набрзо станаа војводи, како и еден Сејменис, еден Георгиос Перакис и други.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]