Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

II. ЕПИСКОП ВО ПЕРАН

 

1. Епископ во Перан

2. Унионистот свештеник Иларион Донтис

 

1. Во февруари 1896 година бев назначен за епископ во Перан. Перан беше преполно од пропагандни училишта и скоро сите питомци беа Грчиња, кои учеа во тие училишта, за да го научат францускиот јазик. Во овие училишта се свиткуваше духот на учениците, грчкиот јазик и грчката историја беа непознати, а децата бидејќи се наоѓаа во туѓа и непријателска средина се деградираа и се претвораа во космополити, рамнодушни кон националните идеали и ледени кон нивните традиции, бидејќи цел на целокупното нивно образование беше пропагандата. Дури беа откриени и куп врбувачки скандали, особено на девојки од угледни семејства.

 

Беше потребно да се отвори една систематска реакција против оваа струја. Моето прво дејствие беше, како епископ во Перан, да назначам дипломатски ефемерни проповедници во Перан и тоа К. Калиникос. Несторас Сепалидис, професор во Трговското училише, Зотос, Стефанос Атанасјадис, професор во Запион и потоа Велики проповедник на Патријаршијата и други. Со овие проповедници и со моите редовни проповеди се создаде една силна реакција не само во Перан туку и во сите центри на Истанбул, каде што во црквите проповедаа светите проповедници што ги наведов. Откако беше подготвеиа почвата, учениците од пропагандистичката школа Папаз – Кјопру на père André, кои бесшумно и соодветно беа исповедани, и понеделник, како по даден знак ги напуштија ученичките клупи и побрзаа до грчката црква некаде во близина, каде што ги чекав јас. Сто и педесет ученици, построени во два реда ги пренесов во истиот момент и ги внесов во граѓанските школи и во Зографион. Во текот на истата седмица побегнаа и останатите ученици и така се

 

 

11

 

«атворило еднаш засекогаш тоа гнездо и на вегово место доде приватната школа на Мумѕис. Овој пример на учениците, кој беше разгласен од новинаретиото, го следеа и учениците од другите пропагандни школи, на начин што придонесе да се преполнат грчките училишта во Перан и во другите енории. За машките оваа работа се одвиваше без тешкотии, затоа што имаше машки школи, каде што се изучуваше доста францускиот јазик, како што беше лицејот Хаѕихристу и Зографион. Но, за девојките немаше грчко-француско женско училиште, а и Запион, што беше наменето да обучува учителки, одвај располагаше со 2-3 часа неделно француски. Тогаш, откако видов дека финансиските можности на заедницата недостасуваа, ја основав со сопствени средства Грчко-француската женска школа во Перан, која од народот беше преименувана во „женска школа Каравангелис”. Изнајмив една голема куќа, ја опремив со мебел, клупи, пијано итн., и на тој начин го составив антнпропагандниот расадник на девојките, каде што се предаваше претпладне на грчки а попладне исклучително на француски согласно со програмата на лицејот. Тука предаваа професорите од Големата школа на Родот, Афтендопулос, Мастратос, Ф. Димитријадис, Пахтикос, Калиникос и сестрите Сандоринеу и многу учителки по француски, така школата за кратко време имаше 450 ученички, кои се отргнаа од пропагандистичкнте школи и кои им припаѓаа на сите општествени класи. Тоа значи дека беа ќерки на научници, на професори, на трговци, но и на занаетчии, како сиромашната ученичка Елпис Калогеропулу, чијшто глас го привлече вниманието на мудриот професор по музика Пахтикос, и така ги удри првите основи за музичкиот развиток на знаменитата уметничка на песната, на познатата под името Сперанца Кало.

 

 

2. На тој начин и со школите и со проповедта сериозно се расклатија темелите на пропагандата. Во меѓувреме се случи и следниов инцидент. Во затворената веќе школа на père André, продолжил да живее заедно со калуѓерите и еден скитник по име Иларион Донтис, некогашен православен свещеник, кој пред повеќе

 

 

12

 

години ѝ пристапил на Унијата. Тој зо злоупотреба на својата позиција за да се богати, вршел венчавки на роднини помеѓу себе или на женети и мажени лица. Патријаршијата, бидејки не можешесо властите да го фати вероотстапникот пристапила пред повеќе години кон неговото отстранување. Но тој со поддршка од моќните калуѓери продолжил да ја носи православната облека и да тргува со неа. Тогаш се договорив со г-дин Д. Јанакопулос. Го замолив да појде дома кај веселиот лажго и да се преправи дека сака да се ожени со една младинка од Балата, но Патријаршијата не му дава дозвола поради роднински пречки. Навистина Јанакопулос отиде и откако му дал неколку златни монети, тие се договорија. Во одредениот ден и час отишол пак Јанакопулос со затворен пајтон во неговиот дом и го зел за да одат заедно во еноријата, каде што ќе се вршеше венчавката. Еноријата Балата се наоѓа понатаму од Фанари, од каде што мораше да пројде пајтонот. А пајтонџијата со кого исто се договориле, во моментот кога пајтонот минувал пред Патријаршијата, застанал неочекувано пред вратата на Григориос V. Таму ги чекав јас со двајца прислужници, кои го фатија отстапникот и го завлекоа во дворот на Патријаршијата. Мудриот патријарх Констандинос се растревожи од инцидентот. Но јас заедно со тогаш големиот прв заменик на епископот и во последно време митрополит на Измир Хрисостомос, светимаченикот, кој беше исто млад како мене, повикавме скришно еден бербер и откако му ја избричил белата брада и косата, му ставивме на главата еден фес и потоа го оставиваме да си оди како господин Илариос, сличен на бакал од Фанари, и со свиркање на уличарите. За жал Хрисостомос и јас не успеав да го убедиме патријархот да го суспендира тајно во Света Гора, па така господинот Илариос ставил една лажна брада и перика и продолжил со својата работа. Последицата, од резилот што му го направив на унионистот свештеник и на затворањето на пропагандистичката школа, беше да ме обвинат во дворецот на султанот Хамид дека сум го изгазил француското знаме, под чијашто сенка работеше школата. Но интервенираа амбасадорите на Грција и Русија и работата беше исправена.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]