Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

I. ПРВИТЕ ГОДИНИ

 

1. Село Стипси, Лесвос (1866)

2. Адрамити, грчко училиште

3. Студии во Халки (1888)

4. Професор на Теолошката школа во Халки (до 1896)

 

1. Роден сум во село Стипси, Лесвос 1866 год. И моите родители беа од Стипси. Но, мојот дедо, по татко, се нашол во катастрофата во Псара. Се сеќавам дека пушеше чибук, а јас, мало дете, му го палев чибукот со јагленче, што го фаќав со маша. Тогаш тој ми велеше со насмевка: „Чекај, јас еднаш веќе се изгорев во Псара”. Го фаќаше со својата рака запаленото јагленче и си го палеше својот чибук. Ми кажуваше еден куп истории. Но, јас бев многу мал и не ги паметам добро. Ми се чини дека војувал заедно со Канарис и со Мјаулис.

 

Татко ми беше трговец. Уште млад отиде наспроти, во Адрамити каде што отворил продавница. Но кога требало да се ожени, се вратил во Стипси и се оженил. Потоа пак се вратил во Адрамити. Но, доаѓаше на празниците. Кога наполннв две години, тој дојде и не зеде сите во Адрамити. Таму се родија моите шест сестри, едната умре многу мала, и последниот мој брат Еврипидис, кој исто така умрел млад.

 

 

2. Јас во Адрамити го завршив грчкото училиште. Една година пред да го завршам, во Адрамити дојде и присуствуваше на нашите устни испити митрополитот од Ефесос Агатангелос, голем љубител на музиката. Кога завршија испитите, тој го поканил татко ми и му рекол: „Твоето дете треба да го испратиш да студира на Теолошката школа во Халки (Школата во Халки имаше гимназија и универзитет, што значи вкупно 7 или 8 години студии). И така следната година во септември 1882 година, татко ми ме однесе во таа Школа и се запишав во втори клас гимназија, значи прескокнав еден клас. И така останав шест години и слушав предавања од истакнати професори, меѓу кои

 

 

8

 

се истакнуваа Леандрос Арванитакис, професор по математика и архимандритот Германос Григорас, директор на Школата, кој особено ме сакаше.

 

 

3. Кога умрел Занис Скилицис Стефановик (дедо на госпоѓа Венизелу) неговиот син Павлос Стефановик (вујко на г-ѓа Венизелу) дојде во Теолошката школа во Великата Седмица да помине неколку дена и да ја заборави својата жалост, оти беше пријател на архимандритот Григорас. Јас бев уште младо дете, голобрадо и псалвав во црква како четврти псалт. Изгледа дека на Павлос му оставив добар впечаток и со својот изглед и со пеењето, бидејќи веднаш кога од црквата отидоа во Дирекцијата, го прашал Григорас, кое е тоа дете. Директорот му кажал сѐ што знаеше за мене. Тоа беше повод да одам подоцна на студии во Европа. Во 1888 год. ги завршив своите студии во Халки. На денот на врачувањето на дипломите, во црквата во Теолошката школа, литургијата ја одржа патријархот Дионисиос со својот Синод и тој ме ракоположи за ѓакон. По ракоположувањето ми рече дека ќе ме прими во Патријаршијата и да не барам друго место. Местата во Патријаршијата беа многу барани, затоа што веднаш влегуваш во високото свештенство. Но, Григорас, кој ме сакаше многу и кој го забележал интересот на Скилицис за мене, отишол кај Скилицис без мое знаење, го потсетил за случајот во црквата и му рекол дека му е потребен наследник во Школата, затоа што навлезе веќе во длабока старост и како таков ме одредува мене. Му рекол уште дека треба да одам на студии во Европа и му предложил да ме испрати на негов трошок. Скилицис веднаш се согласил така што Григорас со голема радост дојде во колата и ме извести. Но јас му одговорив дека веќе му имав дадено збор на патријархот да појдам во Патријаршијата. Тогаш Григорас ме праша што претпочитам јас. Патријаршијата или Европа. Му одговорив дека ја претпочитам Европа. Тогаш Григорас отиде и ја среди работата со патријархот. Потоа ме зеде и отидовме заедно кај Скилицис. Му се заблагодарив и по малку заминав за Лајпциг, каде што останав две и пол години. Таму се запишав на Филозофски

 

 

9

 

факултет и меѓу другите слушав предавања од прочуениот германски филозоф Wundt. Во јануари 1891 година бев промовиран за доктор по филозофија. Но, во меѓувреме следев и теолошки предавања од знаменитиот Luthard, кој предаваше догматска теологијја, апологетика на христијанството, толкување на Новиот Завет итн. Второто полугодие отидов во Бон кај Рин, каде што слушав црковна историја од професори старокатолици, протестанти и католици и направив една споредбена студија, односно што зборуваа по истото прашање овие професори и дојдов до заклучок дека најучени од сите беа старокатолиците, меѓу кои особено се истакнуваше историчарот Langen.

 

 

4. Во меѓувреме ја известив Паријаршијата дека дипломирав и кон крајот на второто полугодие (т.е. на шестото од моите студии во Германија), добив телеграма од патријархот Дионнсис, со која ме покануваше да се вратам, затоа што бев назначен за професор по црковна историја и по други теолошки предмети на Теолошката школа во Халки. Во септември 1891 година стапив на својата должност во Школата и таму предавав до 1896.

 

По одлуката на синодот, патријархот Антимос VII, ме задолжи, како професор по црковна историја, да го составам патријаршискиот циркулар како одговор на циркуларот од папата Леон XIII, со кој ги повикуваше источните цркви на обединување. Овој патријаршпски циркулар беше преведен на сите европски и словенски јазици и наиде на поволни коментари повеќе месеци во теолошките списанија на православните цркви, на протестантите и на англиканската црква, и обратно, на огорченост во научните кругови на Ватикан.

 

По овој шум што се случи, јас објавив и научен труд, со кој историски ги одбивав сите заблуди на Римската црква. Во 1895 година во посебна книга ја објавив историјата на Велигден и на календарот на црковните празници од времето на Христа и сѐ до нашите денови. Освен разни статии и црковни говори што беа објавени или одржани, имам уште и необјавени работи, енциклопедија на теологијата, црковна реторика и неколку стогодишнини на црковната историја.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]