Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, кн. VIII, 1892

М. Цѣпенков

 

III. Народни умотворения

 

7. Басни (аполози)

 

Отъ Прилѣпъ.

Записалъ М. К. Цѣпенковъ. 

1. Лисицата, ежо и кѫрто

2. Мачоротъ, що се стори аджиа и после каугеръ

3. Невеста кѫртица

4. Дранъ прѫчко, недодранъ, лисица и бумбаръ

 

1. Лисицата, ежо и кѫрто

 

Ежо и кѫрто беа се заортáчиле нéкоаш, за да рàботат сéлцка рáбота. „Е, бре кѫ́рту, му рéкол éжко, сега што да вáтиме нéкоа рáбота?” — „Ами што кье вáтиме, бре ежко, му отгóорил кѫрто, со пѫрво не чéка да изóраме пóлето. Еве іаз кье и́зорам, а пак ти да пóсеиш.” — „Мнóгу арно, му рéкол éшко, ти изóраі, а пак іас кье го пóвлачам.” Се зáпрегнал кѫрто и и́зорал едно мéсто, саде за кьев беше го и́зорал. Вáтил éжко и беше го пóсеал мéстото изóрано, пóсле беше го пóвлачил со тѫрньето, што бил óпкачен, тѫркалáікьим по посеіáното мéсто. Беше се стóрил еден бéрикьет, стрáшна рáбота. Го óжнале и го овѫ́ршиле. Зеле едно кýтле за да си дéлат пчени́цата; áрно туку ýште со пѫрво беше се закáрале, чýнкьи éшко сé сакал кýтлето да ет понагнéтено, дека тоа се поекье мáчело, кога го влáчело; кѫ́рто и́ тоі сáкал поекье да ет кýтлето нагнéтено, чýнкьи тоі во орáньето беше си искѫ́ршило нóктите. Така велéікьи, не мóжеле да се пóгодат; кье се истéпале; перче за перче беа се вáтиле. Штó се чини áл? Нéма никоі да пóминит, за да и куртýлисат. За пáкос, ете а кýма лиса каі си вѫ́рвит и без да іа пови́каат, беше се врáтила да види, што е тáіа гьурýлтиіа: „мóре, што се кáрате, бре éжко, и ти, кѫ́ртуле? Што и́мате да делите, да што тóлку се кáрате?”, му рéкла кума ли́са. От кога и прáша кумá лиса, беше си кажале áлот пред неа, како пред некоі прáведен кáдиіа, и беа іа помóлиле, тáіа, како што е прáо, да му іа дéли пчени́цата, само да не се кáраат, да таіа, што кье стори, стóрено кье би́ди.— „Е, ти, éшко мéшко, и ти, кѫ́ртуле мѫ́ртуле, вие и́мате девéт кьила и кýтле и слáмата за дéленье. Еве прао како сé дели: нá ти тéбе, éже мéже, на слàмава да си лéжеш; нá ти тéбе, кѫ́ртуле мѫ́ртуле, пчéница едно кýтле — тóлку достá ти е за цéло зимóиште, а за ли́сица ми́сица кье би́дат деветтé кьила пчéница, за да си и óднесам водéница. Еве вака би́дуат за вас прáвина, прáва, како іáже во тóрба, за да се прикáжуат”, му рéкла лиса и огрáбила от кѫ́ртýлето и éшка печалéната стóка.

 

 


 

 

2. Мачоротъ, що се стори аджиа и после каугеръ

 

Бидéікьи éден мáчор мнóгу бил лóвджиа, беше и сóтрил си́те глýвци во таіа окóлиіа, каі што живéеа. Коа ви́доа стаóрите, [1] оти глýвците мáчорот кье и дóсвѫршел от лóенье, óшле каі голéмио стáор сите стáри да се прáшаат, што дá праат, за да се и́збават от мáчорот: „како да прáиме, честити стáоре, от еден гьáолцкьи мáчор, што ни зáтре сóіот от глýвци и сега векье се нáстѫрвил нáс стаóрите да не іáди? Ката дéн сó него бóрба праиме пот амбáрите; áрно ама ни́коі дó сега, што се бóрил сó него, не гó кутнал; [2] се тоі кýтиньа, натéмаго нáтема, да би му се исýшиле ти́е óстри нóкти дá би!” му рéкле стаорите на глави́тио стáор. „Дéіди брáкьа, дéіди аджáмии, што ве глéдам си́те бýдали! áми мóжи зéр нéкоаш мрáва со мéчка да се бóрит, да и́ вие со мáчор да се бóрите? Прашáіте пáталец, а не прашáіте гáталец. Зá вас дрýго чáре нéма, приіатели, освем да сéдите в дýпкьи, скри́ени, дýри да си намнóжите чéлатта, да пóсле и ако изéдуа мáчорот по нéкоі глýшец от синóи ви, што не кье вé слушаат и óт дупка кье излегýаат, нéма ни́што тóгаі — рéчете на дéсет една и дрýго ништо. От мене, ако бáрате ýм, óвоі ýм мóжам да ви го дáам, и дрýго ни́што.”

 

 

1. Плъховетѣ.

 

2. Не го съборилъ.

 

 

218

 

Се благодáриа на наýката, што му дáде голимиóт стаор на стаóрите и си оти́доа сéкоі по своіó синор, та си раскáзаа по приіатéлите и по родéите, за ни́коі óт дупка нáдвор да не излéгуат, нé знам до кóе врéме.

 

Чéкал мáчорот нéкоі глýшец или стáор да и́злези дéнеска, нéмало; чéкаі ýтре, нéмало; чéкаі дрýгьиден, нéмало. И éден ден зáстанал на една дýпка, та и́счекал éдно глýвче да се іáви от дýпката. Едно го видело мáчорот и се тѫ́ргнало пó внатре да не го чáпни нéшто. „Стóі си, мáчорок, стóі си нá дупка, ако сáкаш и една нéдела; нáм ни нарáчаа стаóрите ич да не излегýеме óт дупка нáдвор, за ти да нé можиш да не іáдиш. Рáзбра, мáчору, áли нé разбра? И´ч óт сега глýшец ти не кьé касниш, вáка да знаиш.”

 

От кóа беше се нáучил мачóрокот, оти стаóрите и наýчиле глýвците да не излегýаат от дупка нáдвор и от кóа глáдуал мнóгу дни, и́змислил éден мàривет да им прáит на глýвците. Нáшол éдна каýгьерска шáпка и éдна дóлга рáса; зел éдни цѫ́рни броéници пó долзи óт него, та óтишол в цѫрква каі áмбарот, што зби́раа цѫркóвната пчéница и зáстанал спроти дýпкьите, от каі што излегýаа мнóгу глýвци, и вáтил да се кѫ́рсти и метáнии да чи́нит и да и тѫ́ргат броени́ците зѫрно пó зѫрно и да ви́кат што да мóжи и нé можи: „Господи, поми́луі, Господи, поми́луі, Господи, поми́луі; прóсти ме мене, Господи, прóсти ме мене, Господи, óти мнóгу сум грéшен!” От моли́твата и мóлбата от мачáрокат чуіа мнóгу глýвци и се натѫ́рчаа кáі дýпкьите, да ви́дат штó викат мачáрокот. Кóга и ви́дел мáчарот глýвците во дýпкьите, вáтило сли́нкьи да му тéчит и да се обли́жуат, кáко коа да бéше и и́зел си́те глýвци, и пáднал на колéници, за да праі метáнии и крéваі рацете нá угоре, чи́ни, вѫ́рти и бéлкьите от óчите на нéбеси, гьóа на Госцод му се мóлел; тѫ́ргаі броени́ците и ви́каі: „Господи, поми́луі.” Кога го ви́доа глýвците, оти мáчорот кье се свèкьаат, отѫ́рчаа, та раскáзале на по старитé глувци и на пó молите — „Брé, дéца, нè моіте, не тѫ́рчаіте и не излегýаіте óт дупкьи нáдвор, оти не е за верýанье мачóрокот; прáіте, штó прáіте и дó дупка внáтре стóіте!” Си́те глýвци в дýпкьи стóіат и мачóрокот го глéдаат како се свéкьаат. Се чýдат глýвците на свети́лѫко нéгов и наі пóсле си іа рéсил животта éден от глувците и пóшол дó него да види, дáли кье го іади: „Добрó-утро, каýгьере мáчоре”, му рекол и се при́ближал, дó него. — „Дал ти Господ двé добра, чéдо, му рекол каýгьерот мáчорот. Ела ми, éла ми, чедо, да му бáкнаш на деда áджиіа дéсница, за ти да ми дáиш прóштенье, оти іа сум бил на áджилѫк и сáкам да се свèкьам; тáмо, чéдо, сýм се испóведал, за да ми се прóстат греóвете. Гóлем кáнон ми дадоа, чедо: мéсо ич да нé каснам дури сум жи́в; é, é, метáнии непрестáіно да чи́нам; é, é, броени́ците непрестáіно да и тѫ́ргам и „Господи поми́луі” да вéлам. Ама со пѫ́рво трéба со си́те глýвци и стáори да се прóстам, да пóсле мóжам да се свéкьаам и пóсле кáнтар да нé вакьам и со терéзиа и со éндезе и́ч да нé мерам. Ете вака, пи́ле; éте вáка іáгне, да му кáжиш на си́те глýвци и стáори; нека дóідат и да ми цéливат дèсница, за да се испрóстиме, и áлал да ми стóрат дó сега, шту су му дóдевал и нé сум и óстаал со рáат да си іáдат по амбáрите пчéница. Éте вáка, чéдо мое, éла уштé еднаш да ми цéливаш дéсница и óі ми си со здрáвье, ама пѫрво наіади́ ми се пчéница, да по пóсле óі си и поздрáви и си́те; нéка дóідат да ми дáат прóштенье, за да не ме óстаат вѫ́рзан да си ýмрам и во вéчната мáка да одам, а пáк ако нé доідат, брате, нá нив нека іе грèот; іас кье си и́змиіам рáце и нá нив грéот му го óстаат.”

 

Отѫрча тóі, што цéлива дéсница на аджи-мачóрока каýгьера со си́те дрýзите глýвци, што глéдаа от дýпкьите и му раскáжаа на си́те, оти мáчорот се стóри пóсник и и ви́кат си́те, да му дáат прóштенье. На тоа згóра беа се сóбрале си́те глýвци и стáори на гóлем сóбор, та стóриа èден мéзлич, дáли да излезот от дýпкьите нáдвор, да си пóіадат мáлку пчéница

 

 

219

 

и да му дáат на аджи́ата прóштенье, али да си сéдат. Éдни тáка рéкли, дрýзи и́наку, нáі многу беше рéкле, да се рéсат ýште 3-4 глýвци и стàори, да пóідат дó него да ви́дат, дали се ви́стина пóкаіал. Наизлéгоа глýвци и му пóідоа каі аджи-мáчорот и му цели́ваа дéсница. „Дáіте ми прóштенье, чéда, им рéкол, оти мнóгу сум ви згрéшил дó сега іас вам, — Господи, поми́луі, Господи, поми́луі,” велел во тоá врéме и чи́нел метáнии, тѫ́ргал што да мóжи броени́ците и пóдбелуі со очите, — “мóре, ако ми излéзите си́те, кье ве нáпраам пáстѫрма, ама чéкаі, си велел сáм сó себе, и кье ви́дите какóв пóсник сум іáс аджи-мáчор: пóстам, сáкам-нéкьум, оти нéма што да іáдам!” От коа му цели́ваа дéсница и му дáдоа прóштенье, се изназобоа пчéница и оти́доа та раскáзаа на си́те, оти ви́стина мáчорот іет асли́ пóсник. Пóвторо беа напрáиле еден мéзлич и се нáшло за мýнасип, да и́злезат си́те глýвци и стáори прет аджи-мáчора, да му дáат прóштенье, ама сéкоі глýшец да напраат пó една пóсна мáнджа, како за пóклон да при́лега и да му óднесат на аджѝіата, за да му чéститат аджи́лѫкот. Си́те беа напрáиле и óтишле каі аджи-мáчор. Си́те беá му и нарéдиле прет аджи-мáчорот поклóните и му цели́вале дéсница. Кога и вѝдел мáчорот поклóните си́те пóсни, им рéкол: „Áбре іáгниньа, оти нéкоі не ми донéсовте пóклон мéсо пéчено?” — „Éда дéка пóстиш, дедó аджи, ти́кьи зá тоа не донéсовме,” му рéкле. — „Е, кóа тáка, áі поигрáіте éдно óро, им рéкол, да проштáіте ми што сум ви згрéшил.” Се навáтиле си́те óро да и́граат óколу деда áджиа и éден от по-стáрите стáори им вéлел тифко, кáко со пéсна: „и игрáіте, брáкьа, óро, ама и нáдупкьи гледаіте!” На óрото игрáікьи, векье нé можел мáчорот да тѫрпи и му се пýшти нá нив, та и нáпраил си́те пáстѫрма.

 

 

Б. р. Съ тази приказка сравни: Сб. VI, 143: „Лисицата, петлето и попунецот” (Прилѣпъ) и Сб. V, 187: „Мачоко на аджилѫк” (Софийско). За мѣстото на тѣзи прик. — Бенфей I 360—4 къмъ прик. Панчатантра, кн. 3, № 2.

 


 

 

3. Невеста кѫртица  [1]

 

ÉЕден чóек сáкал да зéми за си́на си нéвеста от нáі голем чоек. Се прáшал до нéкого и тоі, коа бéше му чул збóрот бýдалскьи, за нáсмеа беше му рéкол: „Приіáтеле моі, лели си сáкал снáа да зéмиш от нáі голем чоек, да земиш от сóнцето, чýнкьи óт него нéма по гóлемо.” Кога чýл тóі збор от чóекот, го повéруал и си óбул éдни жéлезни óпинци, со éдно стáпче жéлезно, та ти отишол каі сóнцето: „Добрó утро, сóнце, му рéкол, штó чиниш, кáко си?” — „Дáл ти Господ дóбро, приіателе, сполáі Богу сме; ами вие кáко сте?” и го отýрдиса и го зáпраша: „мóре, што си се мáчил, бре при́іате, óлкаф пáт дàлечен, што си óдел, за да дóиш дó мене?” — „Сум се мáчил, злáтно сóнце, за сó тебе да се сóсватам, ако рéкол Гóспод, чýнкьи іас и́мам éден си́н, ти́кьи сáкам да го жéнам от нáі голем чóек, да ми рéкоа, оти óт тебе нéмало пó голем; ако е кáбил, аі дáі ми една кьéрка.” — „Óв, море дýшко, арно, би ти дáл éдна кьéрка, туку с нé су нáі голем на вéков; от мене има по гóлеми, а ти́е сет облáците, чýнкьи кога да се рáспнат едни́ пати прéд мене, с кóлку силно грéам и нé можам да и прóбим, да дóіди каі нив и от нив зéми,” му рéкло сóнцето. — „Сполáі ти, злáтно сóнце, што ми кáжа. Коа така, с кье му óдам каі облáците.”

 

Отишол каі облáците: „Добрó утро, óблаци, што чи́ните, кáко сте, здрао жио?” — „Арно сме, сполáі Богу, да рéчиме; ами ти́ кáко си? Мóре, што си сé мачил, бре чóече, дó овде?” — „Што сýм се мáчил, бре óблаци, за аирли и́шала кье бидит; іас бáрам со голéм чоек, нéкоі, што е, да се сóсватам. Ми рéкоа лýгье, óти нáі гóлемо ет сóнцето, á пак сóнцето ме

 

 

1. При сичко че тая приказка, въ сравнение съ вариациитѣ у други народи, излиза малко окастрена, тя се печати съ благодарность. Б. р.

 

 

220

 

прáти каі вас.” — „Мóре áрно, бре брáтко, сполáі ти за чéста, што ни іа прàиш, тýку и óт нас има пó голем: éто го вéтров, кóга да дýвни, нé кье се ви́диме коі каі кье вáтимé! Да от тóа тамо да поідиш.” —,„Е, сполàі ти брáтко,” му рекол; станал чóекот и пóшол каі вéтрот:

 

„Добро утро, вéтре.” — ”Дàл ти Бог дóбро, чóече. Штó има нéшто аи́р áбер?” — „И´шала аи́рлиіа кье бидит. Облáците ме пýштиіа кáі тебе, зá дá ми дáіте éдна кьéрка за си́на ми, чýнкьи іас бáрам нáі голем чóек, за да се сóсватам,” му рéкол. — „Лéли бáраш, чóече, нáі голем, іас нé сум; нáі голем éт стáрана плáнина, чýнкьи сé едно дýам и нé можам да іа помѫ́рднам, да поіди кáі неа и сосвáти се.”

 

Пóшол каі стара плáнинá и и пóсакал éдна кьéркá за снáá. Плани́ната му рéкла, óти и óт неа и́мало по гóлеми; тиé биле кѫртóи́те, што іа дýпат стара плáнина.

 

Слéгол дóлу каі кѫртóите и му рéкол: „Добрó утро, кѫ́ртои, што чи́ните, што прáите?” — „Дáл ти Бог дóбро, чóече, пóвели сéдни. Щтó има, штó нема, кáжуі?” Зàватил да му кàжуат со рéт, от каі сóнцето дà до нив дýри дóшол:” Да ви кàжам, бре кѫ́ртои. Іас сàкав да зéмам нéвеста от нáі голéм чóек и ме прàтиіа каі сóнцето, сóнцето ме прáти каі облàците, облáците каі вéтрот, вéтрот каі стара плàнина и стара плáнина, каі вас, чýнкьи óт вас нéмало по гóлеми, да ако е кѫ́смет, кье ми дàите една дéвоіка за нéвеста на си́на ми.” — „О, о, тàмам, ти éднаш ако не дéксаш нам, ни́е кье те дèксаме двá пати. Ем прàо ти кàжала стàрава плàнина зà нас, óти óд нас по гóлéми нèмат, чýнкьи іа дýпиме óт краі в крáі и нèма што да ни́ стори. Да кóа тàка, пóвели, свàту, дóма и и́шала, аи́рлиіа кье бидит, óти чóек што кье бàрат, тоа кье си нàідит.”

 

Влèзе во кýкьата (кѫрточи́ньето, надигнàтата земьа) от кѫртóите и го чèстиіа мнóгу. Нàі после тýку му дотèраа кѫ́ртичкьи мóми, за да си зèми, коіа сáкат: „Де, свàту, дóбре ни дóшол, повели, отбèри си, коіа мома сàкаш,” му рекоа кѫртóите.

 

Вàтил éдна кѫ́ртица в рàка и іа пóгледал во ли́цето, дàли е ли́чна; кóга глèдат — слèпа; вàти втóра, трèкьа ; чèтвѫрта — си́те слèпи. „Мóре свàту, штó туку и óдбираш мóмите? Ами лèли знàиш, оти коі прèбира, тоі зáбира. Іá, вáти си èдна коіа дáе и ич не стрáши се, за да би́дит óката (опýлена) — коіа да вáтиш, от слèпа шó слепа ет.” Ви́дел, нè видел, си вàтил една слèпа кѫ́ртица и му іа óднесол ни си́на си за нèвеста.

 

Коі бáра рóгои, кье зáгубит и ýши.

 

 


 

 

4. Дранъ прѫчко, недодранъ, лисица и бумбаръ

 

Си и́мал éден стáрец трóіца си́нои и три кьеркьи; си и́мал и едно іаре, што мнóгу го ми́луал стáриот от синóи си, поекье. Дóшла прóлет, рáзвила шýмата и го прáтил стáриот си́на си по голèмиот, за да го пáсит пѫ́чка. Цèл дèн го пáсил си́н му, кáі што имало наі áрна шýма; вéчерта го дóтерал дóма наіáдено во мèот, кáко тáпанче. Вéчерта пѫ́рчко влèгло во іаглерни́цата и пóчнало да гри́зи іáгленье; го чу стáриот, та го прáшал: „Заóшто, брè пѫрчко, гри́зиш іàгленье? Дали нè си напáсено дéнеска?” — „Ами што дá гризам, зер кáменье, му рéкол пѫ́рчко, кога сýм глàден, зер си́н ти ме пàсеше, да? Ме вóтна вó еден èндек и ме óстаи тàмо да гризáм' тѫ́рнье, а тоі цéл дèн си беснéеше со овчàрите, да èте от тóа каі гри́зáм іàгленье. И дѫ́рвіа да прóгризáм, и пáк не кьесе нàіадам, како што ме сàкаш ти́.” — „Брè, дàли тàка те пàсел си́н ми? рéкол стàриот. Пóчекаі сéга да ви́дит што кье гó наіди нéго, никàквикон èден!” Го грàбнал зà врат си́на си и го зàклал. Си́те си́нои и кьéркьи и пýштил со рèт стáриот да

 

 

221

 

го пасàт пѫ́рчка и за си́те пѫ́рчко нà вечер, кóга кье го донèсеа дóма, се кье грѝзеше іàгленье.

 

От кóга и и́закла стàрио си́те си́нои и кьèркьи, сàм стàр го зèде пѫ́рчка и óтиде да го пàсит; како го пàси пѫ́рчка, како го пи́си по нàі убàата шýма, вèчерта, éдно го дóнесол дóма, и прàо óтишло во іаглèньето и вàтило да гри́зит іáгленье ýште пóекье. — „Абре пѫ́рчко, да бн гьаóлот те зел дà би! му рéкол дèдо, заóшто пàк вèчерва ми гри́зиш іàгленье? Дали мàлку те пàсов цèл ден?” — „Пýсто пàсенье твое и штуро што си ме пàсол! Ами ти вèзден си и́граше со бàбите, кьев си тéраше, како синóите, што си и́граа со девóічиньатá и кьèркьити со момчи́ньата, кóга ме пàсеа,” му рéкóл пѫ́рчко. „Ах, анàсѫнѫ, бре пѫ́рчко, дàли и зà мене кьев éлиш оти не тé пасов? му рéкол стàриот. Пóчекаі сéа што кье ти нàпраам да ви́диш!” Го вѫ́рзал за рóгои и беше му іа óдрал кóжата на жи́воти и го óдвѫрзал, тá го пýштил. Трéштил пѫ́рчко дрàн нèдодран да бéга от пýстата болèштина, што го бóлеше, ви́д видèлиіа [1] вàтил. Бèгал ни́с поле, бèгал ни́с ри́дои, ни́с плàнинье и му се престàвила èдна дýпка от лиси́цата, се шýклало [2] внàтре.

 

Нè би час, бèше си дóшла кýма ли́са от пàсенье и кóга го ви́дела пѫ́рчка дрàн нèдодран, ýмрела от стрàои, чýнкьи не бèше ви́дела дó тогаі тàквоо жи́вотно. Нóга зà нога кýма ли́са се исчèпила [3] нáдвор; се расплáкала ли́са, се ужàлила, тѫ́ргнала да бàрат краі, за да нàіди нèкоіа живóтинка да и́ го и́стерат пѫ́рчка óт тланик. От си́те живóтинкьи дóнесла и коі што бèше го ви́дел пѫ́рчка, беше кàпнал да бèга от пýсти стрàои. Ни́коа живóтинка не е се навáкьала да и го и́стера злóто óт кукьи, чýнкьи сèкоі кье го ви́дел пѫ́рчка со свèтнати óчи, со кѫ́рвіóсана снàга и сèкоі се чýдел што живóтинка кье би́дит. Та от ти́е пýсти стрàои, ни́кому не му дѫ́ржало да влéзит и да го и́стерат.

 

„Ов, іас си́рота, рèкла лиси́цата, што сé чинит àл, кýкьата си іа зàпустив! како не сé нàіде éдна дýша да ми и́стера зло óт кукьа!” Тàка си́рота ли́са вéлеше и пѫ́рсти си кѫ́ршеше от пýсти жàлоі. На тóа згóра, за кѫ́сметот на ли́са, іа дóчуло éдно бýмбарче и тóа и се навàтило да и го и́стерат пѫ́рчка óт кукьа. Му влèгло бумбáрчето во лиси́чина дýпка и бèше збýчило èднашка што да можит: брѫѫѫ, óколу пѫ́рчка и му се пи́кнало под óпашка, та бèше збýчило што да мóжит и нè можит и беше се ýплашил пѫ́рчко, та бèше и́збегал от лиси́чоа кýкьа.

 

Кога ви́де кýма ли́са, óти бумбàрчето и го и́стера зло óт кукьа, от рáдос кье излèташе и го благóдари мнóгу бумбáрчето за дóбротó, што и́ стóрило и от тóі саат си го напрáпла пóбратим, та го пóвела пó себе и го óднесла под една крýша, за да го нáгостит — за дóброто, што и стóрило — со крýши. Се кáчила кýма ли́са нá круши и іа стрèсла крýшата силно, тикьи ти напáднале крýши еднó чýдо пó земи, кáко кáлдѫрма се поси́пале. За пáкос от бумбàрчето, да се пóгоди éдна твѫ́рда крýша, та да го ýдари и да го сплèска на мèстото. — Слèгла ли́са и кога ти го нáшла каі бéри дýша, го жáлала, го пýстела си́рота; áрно áма бèше си ýмрело, кáко да нè било от ни́коаш.

 

Го крèнала óт тука плачèікьим и го óднесла на èдна раскрѫ́сница, та бéше го закóпала; му го напрáила грóпчето за ми́ло убáина и крýшата, што бéше го отèпала, бèше іа закáчила на грóпчето и бéше рèкла. „Коі кье іа зéми óваа клéта крýша, да му óживит и бèльата да си іа нáідит!”

 

 

1. Невиден бист, или: не се виде каі вати.

 

2. Се вмъкнѫлъ.

 

3. Се измъкнѫла.

 

 

222

 

За пáкос, éте óден зèт со невéстата каі си вѫ́рвеле пó пат и іа ви́дел зèтот крýшата и іа зел, та си́ іа клáл в пáзуа.

 

Вèчерта пóшол зéтотот у дада си и рèкол: „добрó вечер, дéдо.” Сви́кла и крýшата óд джеб: „добрó вечер, дèдо.” Се чýдел зèтот кóі викат од джèбот. Нèісе, сèднал на тѫ́рпеза и го почèстиле зéтот со рàкьиіа. Дáла ви́к крýшата óд джеб: „и мене дáіте ми рáкьиіа, и мене!” Дóшло редо, лáіците стáвиле пред си́те, — и пред зèтот. Дáла ви́к да сáка и крýшата лáіца. Си́те слýшале гóстите глас, како от мáлечко дèте, да му сáкат на зèтот лáіца. На тóа згóра зèтот се сèти, óти крýшата, што му бèше в джеп, таіа, викала; іа вáтил со рáка и іа при́тиснал што да мóжит. Спи́скала крýша што да можит: „óлеле, тáте, не сти́скаі ме, óти кóскьите кье ми и óкѫршиш!” Се ýстрашил зéт, та и́злегол нáдвор и іа ýдрил óт земи, та іа óкѫршил пáрче пó парче. Тýку вèднаш оште беше се сóбрале парчи́ньата и беше се напрáила цèла крýшата и се затѫркáлала, та сви́кала по зèто плачèікьим: „Мóре пóчекаі, тáтко бре, да ме зèмиш и іас да вéчерам.” Кóга се свѫ́ртел зáд себе, етó ти іа крýшата! Та му іа дал на éдна матóрица, та іа и́зела и тáка куртýлисал óт неа да не гó страмит на тѫ́рпеза. Ете ли́са што беше ти напрáила на грóпчето от бумбáрчето.

 

 

Слушана отъ Димета Гърънчаротъ.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]