Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, кн. VIII, 1892

М. Цѣпенков

 

III. Народни умотворения

 

5. Приказки изъ челядния и общественъ животъ

 

Отъ Прилѣпъ.

Записалъ М. К. Цѣпенковъ.

 

1. Тоя свѣтъ е колело

2. Момчето што пишуало сите женцки итроштини во тевтеро

3. Двама брата и торбата пълна съ пари на моста

4. Правината се танчи и не се кинитъ, или: невестата, що а закопаха жива въ земята

5. Дѣте родено на три мѣсеци

 

1. Тоя свѣтъ е колело

 

                Бу дуня чарки фелек, ашколсун чевѫрѫне. [1]

                Бу дуня ялли куюрук, ашколсун тутаана. [2]

 

Нéкое мнóгу ýчено тýрче во Стáмбол било во нéкоі гóлем сут кь́атип, што зéмал мнóгу áілѫк. Не знам што му нáшле нéкоіа грéшка и беа го истéрале от кьати́плѫкот. Бидéікьи мнóгу ýчено, мнóгу мака беше му пáднало и беше нáпраил еден áрзоал, та беше го дал на сáмио цáр, за да ви́дит цáрот, оти и́мал пи́смо мнóгу ýбао и збóрои мнóгу вѫ́рзани, за пáк да го клáит кь́атип. Го зел арзóалот цáрот и го прéпеал; áрно ама цáрот нé кьел да му го рáсипит áтѫрот на пáшата, што го и́стерал нéго. Мудѫр бидéікьи би́л до нéкаде цáрот, му нáпишал еден шéр на арзóалот вака: „Бý дуньа чáрки фелéк, áшколсун чевѫрѫнé; бý дуньа іáлли куюрýк, áшколсун тутаанá”, и му го дал арзоáлот на кьати́пчето. От коа го прéпеал кьáтипот цáрскио шер, што беше му го нáпишал на арзóалот, беше се зáчудил на тие двá збора и беше си рéкол сам сó себе: „царо мене ми пи́шал: ербáп олáим, пильáв іеим (достоенъ да съмъ, пилавъ да ямъ); чéкаі да ви́дит цáрот, за нéкое врéме што маістóриа кье му нáпраам, за чаркьи фéлекот да го човѫ́рдисам”. Уште на чáсот кь́атипот óтишол в кáршиьа, каі кари-пáзари (женскиó пазар) и си кýпил един каýгерски áлишта, та се прéпраил от ефéндиіа на кáугер и óтишол во нéкоі мáнастир и за бѫ́рго врéме беше го нáучил рéдот ри́сьанскьи от егýменот ýште пó арно. За кѫ́сметот нéгов, ýмрел егýменот и бидéікьи от него нéмало по вредан за éгумен да клáат, беше го клáле него. Би, некое врéме éгумен и пóсакал да си óит на áджилѫк. От кога беше

 

 

1. Тойзи свѣтъ е колело, което се върти, браво на тогози, който може да го върти.

 

2. Тойзи свѣтъ е дебела (тлъста) опашка, браво който може да ѭ удържи въ рѫката.

 

 

193

 

се и́спростил со си́те каýгьери, му зел и една кни́га со мýурот манáстирскьи; оти бил éгумен и рáботил многу ýбао во цѫ́рквата и во манáстирот дури би́л.

 

Стáнал от манáстирот и си óтишол прáо Стáмбол, во патрикаáната. Се прéставил прет пáтрикот, за да му даит нéкоіа рáбота. От коа го ви́дел пáтрикот, оти и́мал гóлема вреднос, го стòрил влáдика пѫ́рв. Пóби влáдика нéкое врéме и вáтил да óит при ýчени турци и ефéндиі да прáит мýабет за вéрата тýрска, и распрáшуал и по нéшто му бенди́суал. Со дéнеска, со ýтре, сé туку распрáшуал по учéните тýрци за турскатá вера и наі после се óблекол во áдни ефéндискьи áлишта, та óтишол во пѫ́рвото кавéане турско и вáтил за да му прикáжуа вéрата тýрска на си́те ýчени. Голéм кеф беа прáеле тýрците, кога го слýшале пѫ́рвио влáдика да му вáлит вéрата и да сáка да се пóтурчит.

 

На тоá згора, беше го óднесле до шери́ельамот, за да го пóтурчит. Гóлем кьеф беше стóрил и шери́сльамот, кога виде и чý, оти пѫ́рвио влáдика кье се потýрчуат. Арнó ама, едно му прéчело на шери́сльамот, што нé кьел вéднаш да го пóтурчит, дека турски нé знаел да збóруа и кни́га да пéит: „ако е кáбил, éфенди, му рекол шори́сльамот на влади́ката, што кье се тýрчел, да пóучиш при нéкоі мýфтиіа тýрскьи да збóруаш, чýнкьи ти от гѫ́рчкьи дрýк іáзик не си́ знаел, и пи́смо трéба да се нáучиш мáлку тýрско, да пóсле кье те пóтурчам, лéли си азéттисал [1] нашатá вера.” — „Пéкьи, муфти́ éфенди, гóлема сéвда [2] и́ и́мам, за да се нáучам кни́га тýрска”, му рéкол наречéниот влáдика, стóрен от тýрчин и пак кье се претýрчуат, без да го знáат коі ет и кáкоф іет.

 

Го клáл муфти́та вó една óда и го зáватил да го ýчит éлиф бе (аз букье). Како го ýчил, ýчил, три мéсеци врéме што го ýчил, одвáі éлиф бе беше го нáучил. Го прáшал шери́сльамот муфти́іата: „Кáко, кáко, муфти́ ефенди, му рéкол, али чалѫшти́суат [3]  влади́ката да се ýчит кни́га и тýрскьи да збóруат?” — „Се чýдам шерисльам éфенди, му рéкол муфти́іата, со óвоі гѫрчкьи влáдика; и́ч да не мý вакьат ýмот: све три́ месóци врéме каі го ýчам и нé можам да го нáучам да збóруат и да пеи́т во кьи́тап! [4] многу беше бил тýпоум. [5] Ако не ме вéруаш, éла на мéдрезе сам ти да го ви́диш. Ем не оти нé кьит да се нáучит, ами не мý вакьат ýмот: туку се мáчит и трýдит вéзден и сá нокь, ами пак нé можит да се нáучит; от сéвда, што и́мат, дýри и кýран си кýпи и вéзден тýку го вѫ́ртит лис пó лис.” Кога и чýл тие збóрои шери́сльамот, стáнал сам стáр да óдит да ви́дит, дáли ви́стина нé знаит, како што му вéлел муфти́іата.

 

Во одáіата, каі што сéдел влади́ката, и́мало éдно пéнджере, што глéдало прáво пó сокак, от каі што и́деле шери́сльамот и муфти́ата. „Ха, си рéкол сам сó себе влади́ката, чéкаі, сега како кье вé гостам, за да ви́дите, коі ет кьáтипот, што го истéраа от кьати́плѫкот и му даде цáрот шер на арзóалот: „бу дуньа чáрки фелéк, áшколсун чéвѫране.” Еве сéга дури го чевéрдисав чáркьи фéликот.” Во и́стото врéме стáна да се клáньа и мóлитви́ по тýрски да пéит. Едно дóшол до врáтата шери́сльамот и чул моли́твите от наречéнио сам влáдика. Зáстана да слýша и се свѫрте на муфти́іата да му вéли: оти го лáжел нé знаел да пеи́т! Се чудел и муфти́аіата, кога чул и со клéтва му се кáлнел, óти не гó лажел, ама ви́стина до поминáтиот ден нé знаел, оти знаел да пéит влáдиката. От коа го исчéкале да се дóкланьа, го прáшал шери́сльамот, откаі се нáучил во една нóкь тóлку тýрскьи да пéит. „Еі чéстити

 

 

1. Обикнѫлъ си ѭ.

 

2. Любовь.

 

3. Да ли се труди.

 

4. Научи законска книга.

 

5. Неспособенъ. Тéпаа тесла. Тупаф му сет умот — за нѣкое дѣте.

 

 

194

 

шéислеме, му рéкол по тýрскьи, кье ти кáасам отк оі се нáучи́в, ама мáчно кье ме повéруаш; туку с затоа, штоне кье повéруаш, нé сакам да знáм, лéли мéне ми се óсполни жалани́ето. Нóкьеска, како што се мóлев, бев зáспал и дóіде Мýавмет при́ менв; пѫрво ме сунéттиса и ми дýвна во ýста, та сé се нáучив и кýрано да го пéам и вéрата, како што іéт, сéта ми кáжа.” Кога чýл шери́сльамот тоа чýдо, беше се вáтил зá брада и беше ви́каал: „Аллáх, аллах, што е ова чýдо, што се стóри на оваі влáдика!” Вéднаш беше му го óднесол шери́сльамот каі царо да го ви́ди и да го чýе, што го нáучил Мýавмет. Бърго, бърго го ожéниіа со éдна наі бóгата жéна, со нé знам колку чи́влизи, и по нéкоі мéсец ýмрел шерисльамот, за кѫ́сметот нéгов, ти́кьи него беше го клáле шéрисльам. Вáтил кáі цáрот по нáбѫрго да óдит да се разгóорат. Сéдел и се чýдел цáрот, кáква рáбота шери́сльамот да се нáучит во една вéчер тóлку тýрскьи да збóруат и вéрата да нáучит от си́те тýрци пó арно. „Джáнѫм шерисльам éфенди, му рéкол цáрот, кье те прáшам нéшто, ама áтѫр да не ти óстанит, како се нáучи вó една нокь да збóруаш тýрскьи и зáконот да го знáиш?” — „Чéстити цáре, му одгóорил шери́сльамот, лели си ми дáл шéр на арзóалот моі вака: бý дуньа чáрки фелéк, áшколсун чевѫрѫнé, ете и́ с го чевѫ́рдисав чáркот и го дѫржав іáлли кýірукот.” Тóгаі го и́зваил арзóалот и му го дáл на цáрот да си го ви́дит шерот, што беше го дáл. Кога беше ви́дел цáрот и беше се нáучил како беше нáпраил, за да дóіди до тóі рет, áшколсун беше му рéкол и гóлем бакшиш му дал.

 

Слушана отъ Никола Бутле, сега питропъ въ мон. Трескавецъ.

 

 


 

 

2. Момчето што пишуало сите женцки итроштини во тевтеро

 

Едно мóмче разврáтено си сóшило éден тéвтер от пéнджере кьаати, си го клáло в пáзуа и си закáчило ди́витот зá поіас, та каі коіа жéна бесчесна кье пóідел, се кье іа прáшал да му кáжит, со кáкви истрóштинье и лáгьи го лáжит мáжот іе, кога да óдела нéкаде или кога кье іе дóідел нéкоі бесчесен дóма. От сéкоа бéсчесна жена мóмчето бéше испи́сало си́те итрóштинье што му и кáжале и си́те гьаóлштинье што и лáжеле мажи́те си. Бли́зу дéсет гóдини што óди по лóш пат мóмчето и што пи́шуа жéнцкьи итрóштинье. От коа го и́списа си́от тéвтер, стóрило ни́ет да се жéнит. „От сега и да се жéнам, гáіле нé берам, си рéкол сáмо сó себе, чýнкьи си́те итроштинье жéнцкьи и имам в тéвтер испи́сани и от тóа не кьé можит жената ми прéд мене да мѫрдат.”

 

Тáка есапéікьим мóмчето, бéше се ожéнило и зéло една нéвеста ýмна и чéсна. От коа поми́нало врéме, невéстата посáкала и́зим от момчéто іе да пóіде до нáпорта. „Да óам нáпорта, домáкьине, да пóгледам сéир,” му рéкла. „Чéкаі да ви́дам во тéвтерот,” іе рéкол и го óтворил тéвтерот, та вáтил да бáрат, жéнцкьите итрóштинье. Вѫ́ртило ли́сіе, вѫ́ртело и нáшло пи́сано оти со да óдам нá порта, нéкоа нéвеста го излáгала мáжа іе и óтишла кáі него да кýрвуат. „Не кьé оиш нá порта, жéно, іе рéкол, оти тáка ми кáжуат тéвтерот.” Дрýгьи пат го прáшала дáли да óит каі татка е. „Ке ме пýштиш, домàкьине, дá оам каі тáтка?” му рéкла. „Чéкаі да ви́дам тевтéрот,” іе рéкол и òтворил тéвтерот. Како вѫ́ртил, вѫ́ртил, ли́сіе и нáшол пи́шано: коа му вéлела нéкоіа жéна дá оит каі тáтка іе, таіа му дóшла нéму за да се бéсчестит (?). „Нéма да óиш каі тáтка ти, домáкьинко, іе рéкол, чýнкьим така іе пи́сано во тéвтерот.” Трéкьи пат посáкала да óди в цѫ́рква „Кье мо пýштиш, домáкьине, да оам в цѫ́рква?” му рéкла. „Чéкаі да ви́дам штó вели тéвтерот” іе рóкол. Зел тéвтерот и вáтил да вѫ́ртит и да прéакьат ли́сіе: „Нéма да оиш, домáкьинко, в цѫ́рква, еве тéвтерот нé дават.” Тýку сéдит и се чýдит невéстата со тоі пýсти тéвтер от момчéто іе. Блтізу éдна гóдина што не пуштал нигде да оди́т невéстата: „Мóре домáкьине, с сáкам

 

 

195

 

нéшто да те прáшам, зáошто не ме пýшташ óт порта нáдвор дá излезам? И зáошто на сéкое прáшанье се тéвтерот го óтвораш? Те мóлам кáжи ми? Оти іáс сáнкьим сéкьаам оти ти не ме вéруаш да сум чéсна, áрно ама ако іе ви́стина тóа, ти мнóгу се лáжиш. Іа кáжи ми, што и́маш пи́сано во тéвтерот?” му рéкла и му го дáла тéвтерот в рáце. „Во тéвтерот и́мам исписано си́те жéнцкьи итрóштинье и гьаóлштинье, домáкиьнко, іе рéкол. Кога бев éргьен, си́те и и́списав за да знáм, кога кье се жéнам, на жéната си́те гьаóлштинье. Ете от тóа не те пуштам домáкьинко, от пóрта нàдвор.” — „Бре, да затóа не си ме пýштал а! му рéкла. Еіди домáкине еі, іáс кóа кье сáкам да кýрвуам, да ти кье ме дóвардиш! Зáтвори тéвтерот и пýшти ме да си óдам пóнадвор, како си́те нéвести што си óдат, óти іе стрáмота и грéота; да кóа кье ме дóвардиш ти́, тóлку гьáолот дá има óчи.” Тáіа се оти́мала, тоі се вáлел, оти нé можи тáіа дá играт прет него, асли́-кельам на и́нат остáнале и невéстата скрóіала éден мáривет за како да му го клáи тéвтерот в óгнот. Вѝкнала една и́тра бáба и научила како да нáпраи еден мáривет. Ỳтрото го спотéрала да óит нá баньа „Кье ме пýштиш, домáкьине да оам нá баньа? му рéкла. Чéкаі да ви́дим тéвтерот” іе рéкол и го зел тéвтерот да го пеит. „Нéдават, домáкьинко, тéвтерот, іе рéкол, да оиш на бáньа.” — „Дáва, нé дава, іáс кье óам, домакьине, му рéкла, и дрýго ни́што.” Ри́пнала и си зела тáсот за нá бáньа да ои́т, тóі не óстаал, таіа кье óдела, нáі после канди́сало мóмчето, ама зáедно да одат до бáньа и да чéкат тоі на баньарцкá врата, дýри тáіа да се и́збаньа и пáк двáта да си дóідат дома, асли́ и таіá тáка беше сáкала, чýнкьи тáка беше го преесапила éсапот со бáбата. Тѫ́ргнале да óдаат нá баньа и едно дóшле до една кýкьа, каі што би́ла настáвена бáбата, беше вѫ́рлила бáбата от пéнджере éден вáраш со гьýбре прáо на невéстата, та беше напрáила бербатѫ́н-бербати.” Тьýв, тьýв, како грéшиіа лýгьено и ме навѫрлиа со гьýбре, му рéкла невéстата на мáжа іе, дѫ́рш мáлку бóвчата да влéзам іáс во пóртава да се óчистам и да се измиіам на чéшмана, оти вáка іе стрáмота да óиме по мáала (по улици).” Зел мóмчето бóвчата да пóдѫржит и тáіа си влéгла нáтре и затвóрила пóртата се очи́стила, се и́змила и си йзлегла. Си óтишле со момчéто е на баньа и си дóшле вéчерта дóма. “Іá зéми тéвтерот, бре домáкьине, му рéкла, да ми го пéиш да видам штó си́ писал.” Го зéло мóмчето тéвтерот и іе го и́спеал си́от от краі до краі. „И така остáнало ýште éдно ли́це белá книга, домáкьине, от тéвтеро, му рéкла, да пи́шиш уштé една итрóштина жéнцка, што не си іа пишал.” Зело пéрото мóмчето и завáтило да пи́шуат што кье му кáжуат невестата му. „Пи́ши, домáкьине, вáка, му рéкла: си би́ло едно мóмче, што беше исписало си́те жéнцкьи итрóштинье и жената му нé могол да дóварди; одéікьи на бáньа, влéгла во една пóрта при éден дрýг мáж, а тóі стóіал на пóртата бéз да му тéкни оти го и́злага...” Уште недорéчени ти́е збóрои, го ýдрил пéрото от земи и іе рéкол: “да вáка ти мéне ми нáпраи, исвéрнице гьиди éдна, да ми стáпиш на чéста?” — „Не гó чи́нам кáбул, домакьине, му рéкла, тоа да го стóрам іас, тýку ти нáпраив éдна и́трос, што да вéруаш, óти со жéна нé моиш да и́граиш, коа кье сáкат да се бесчéстуат. Ете зá тоа трéба тéвтерот да го вѫ́рлиш в óгон за да и́згорит и да ме óстаиш слóбодна да си óдам каі да сáкам, како што си óдаат си́те жéни. Да ако сум чéсна іáс, ич ти нé боі се óт мене, да ти стáпам чéста; á пак ако сум бéсчесна, во сáндѫк да ме зáклучиш со дванáесет клýчеи и пак не кье ме дóчуаш. И друго трéба да знáиш, домáкьине: ако не мѫрдни кýчката со опáшката, нéма да тѫ́рчат кучи́ньата пó неа. Ýште мнóгу збóрои и́мам да ти кáжуам домáкьине, ама и от óвие, ако си сéтен, мóжиш да се óдбериш и тéвтерот в óгон да го вѫ́рлиш за да го и́згориш, óти ако го чýаш, пó лошо кье стóриш.” От коа бéше іа и́слушал мóмчето женáта си, се ýверил оти тáка си би́ло и бéше го вѫ́рлило тéвтерот в óгнот да го и́згорит.

 

 

196

 

„Іазѫ́к мори домáкьинко, на тóлку трýт што сум се трýдил, тóлкуа гóдини да áрджам пáри и да и ýчам итришти́ньето от бесчéсните жéни и да си ми́слам, оти се сум и́списал. Áрно ама спóрет твóіата и́трос ти што ми іа нáпраи, ми се ýплаши óкото и óт сега вáмо éте ти Гóспод, како ти носи чéста, тáка праі.” Со тóа докажýанье от невéстата, беше се ослобóдила од едно мóмче бýдала, што дѫ́ржало затвóрена.

 

 


 

 

3. Двама брата и торбата пълна съ пари на моста

 

Си беа дваіца бракьа, со кýкьите дéлени, еднио бсше бóгат, а дрýгьиот си́ромав. Многý пати му велел сиромáиот на богáтиот, да му даіт трóа пáри, да се пóткрепит во нéкоіа рáбота. „Море брате бре, море не е лóшо да ти дáам, тýку не вéруам да и дóдѫржиш, чýнкьи тóлку ти е кѫ́сметот и дáрот; така ти нáрекле во трекьá вечер, за да би́диш си́ромав, атѫр да не ти óстанит, оти ситé пѫрсти тóкмо нé сет, да и лýгьето на веков нé сет едно: рéкол Гóспод да и́мат и бóгати и сирóмаси, да от тоа нé биди бýдала, гледаі да го купиш дéнот и да го пóминиш, чýнкьн и́маме уми́рачка, на óвоі век кол не кье закáчиме, да; ама нé ет вака, речи?” — „Море за тáквие збóрои іас ýгате пóекье знам да ти нáвѫрзам, му рéкол сиромáиот, туку една жéна кога нé кьи да мéсит, вéзден се кье ти сéит. Да и ти, бре брáте, дека нé кьиш да ми дáиш, тикьи тáквие мáсали кье ми курди́суаш и на бóлниот му дáваш гáірет. Ти даі ми троа пáри, да кье ме ви́диш што мáістор сум за да спéчелам.” — „Пекьи, бре брáте, еве да знáиш, оти кье ти дáам, ем една цéла тóрба кьé ти нáполнам да да ви́дам, дали кье спéчалиш”, му рéкол богáтиот.

 

Едно ýтро богáтиот беше нáполнил едно тóрба со пáри и óтишол на мóсто, каі што кье вѫ́рвеше брат му, та го дóчекал, кога кье вѫ́рвеше на мóстот и му іа клал тóрбата на крáіот на мóстот. Фтáсал брат му и си нáмислил со ýмот: „еі шóана, іа пóчекаі да зáмижам и мижéечкьи да го пóминам мóстов; Господ да чýат, мóжи нéкоаш да ослéпеам и да пóминам слеп на мóстов, да да ви́дам дали кье мóжам сега да пóминам.” И тýку беше зáмижал чоек, та бéше ти го пóминал мóсто и едно беше дóшол на другиó краі и беше му сви́кал от под мос брáт му: “Еі брáте, іа обзѫ́рни се нáзат, да ви́диш, што зáмина на дрýгьион краі на мóстов — ене една тóрба пáри іас ти клáдов, за да си и зéмиш, ами кога ти вéлам, оти кѫ́смет нéмаш! Тамáм кье си і нáідеше, ти ми зáмижа со обетé очи. Туку со сéто тоа, аі земи́ си іа тóрбана со пáри и глéдаі да и нáмножнш.”

 

Іа крéна тóрбата со пáри нá рамо и тѫ́ргна дома да си и нóсит. На стред пáтот беа го начéкале едни кóлджиі (вардачи) от іýмрукот и беа му видели в тóрба што има и што нема и кога беа му и виделе толку пари мнóгу, беше го заплáшиле и гьоа сáкале да го тéраат нá конак, гьоа азно беше нáшол. Мóли, кóли, одваі бéше и кáндисал со чéрекот от пáрите да му и дáит, да не гó носат нá конак. Éто ти, ýште дома не однéсени, чéрекот поідоа! Сéдна дóма без рáбота да іадит и ýште полóіната беше и и́зел. Наі после се стóрил со еднега óртак и кога стóриле éсап, éсап, ки́тап, торба и стáп бéше му остáнало от серми́іата. Уште мàлко пари, што беа му остáнале, éднаш беіне зáгубил в чáршиіа троа пáри, дрýгаш дома беа му влéгле арáмии, тáка беа се свѫ́ршиле пáрите во една гóдина врéме.

 

Тогаі векье повéруал сиромáиот, оти кус му бил кѫ́сметот и ич не му рáботел, чýнкьи стрéбро и áлтѫн вáкьал, кáмен и дѫрво му се чи́нело. Іýнак мóжит и конь мóжи, ами кога нé кьи Гóспод да ти пóможит, се за нáзат кье ти óдит.

 

 

197

 

 

4. Правината се танчи и не се кинитъ, или: невестата, що а закопаха жива въ земята

 

Си биле двáіца брáкьа, éднио (по стариот) жéнет, а дрýгьиот нéженет; рабóтата им била тѫ́рговци; си и́мале дýкьан (мааза) полн со стока. По стáриот брат пóсакал да óдит на нéкоі панагьур, за да прóдаи и да кýпит стóка за кáко от кáко, да понáпреднит во тѫргови́іата и во чéста. Една вéчер го ви́кнал брата си при себе и му кáжал, óти стóрил ни́ет да óдит на фильáн (едикоі си) панаир, и му нáрачал да сéди нá дукьан ýмно и рáзумно; како нá дукьан, тáка и дóма, да іа слýша снáа си. Сó еден збор, да би́дит цел дóмакьин и да óстаит аджами́лѫкот, што го и́мал. От кога му нáрача си́те збóрои, што го нóсеше рéдот, си óтиде на пáнагьур. Кóга се нáшол брат му сам на мáаза и от кога му пáднаа пáри еднó чудо в рáце, и от коа се здрýжил со дрýгари лóши и пýстикýкьовци, тѫ́ргнал да áрджит пáри по пиіанство и по чáпкѫнлѫк; на два вéчера, на три кье си и дóнеси дома нá вечер лóшите дрýгари, за да áрджит и да пýстит пáри. Гледáікьи снáа му таквие нéчесни рáботи, вáтила да го ýчит и да му се фáлит нáі после, óти кога кье си дóедел брат му (мажот іе), се кье му кáжела за лошоти́ите, што и прáел. На тóа згора го наýчиіа другáрите, за да іа бéсчестат снáа му и да нéмат ли́це да му кáжит на брáта му. Кога му чул поучени́ето от лóшите дрýгари и му ри́пнал на снáа си пѫрво тоі да іа безчéстуат, при се што бéше ли́чна, ами беше нáі-умна, што бéше вредна за цáрица да бидит. Арно áма беше пáднал кáмено и беше и вáтил нóзете. Кога чу тие збóрои от девéра си, на чудо стáнала и вáтила да го ýчит и да го кáрат за ти́е бéзстрамни збóрои, што му и рéкол деверье и другáрите му. Трéштила óт врата нáдвор и и́злегла вó двор, сáкала да ви́ка по комши́ите. Áрно áма кога ви́доа другáрите, оти кье и ýстрамит таіа нив, го наýчиіа девéра іе тоі да ви́книт по комши́ите и да кáжит, оти снáа му іа нáшол со іарáмази да се безчéстуат, и дал вик тоі по комши́ите. Се натѫ́рчале да ви́дат што іе, што не іе таіа лóша викóтница и кога дóгале комши́ите, тогаі пред нив си и́злегле другáрите от девéра е ни́с порта и дал вик тѫргóвчето: вáтил да му кáжуат на комши́ите, оти снáа му бéше си дóнесла чáпкѫни дóма и тоі кáбул не гó чинел, снáа му да му гáзит на чéста от брáта си, и му рéкол, да би́дат мáртири, како што ви́доа.

 

Ýтрото рáно пóшол нá суд и стóрил дáвиіа на снáа си; іа ви́кнале нá суд и іа пресýдиле от кога мартири́сале комши́ите, іе пресýдиле, за да іа закопат жи́ва в зéми на нéкоіа раскѫ́рсница, чýнкьи во тóі град таков бил зáконот за тие, што кье се вáтат во чáпкѫнлѫк: или живи в зéми да се зáкопат, или со кáменье да се ýбиіат.

 

Іа зéдоа правéдната нéвеста и іа извáиіа нáдвор óт град, та іа закóпаа жи́ва в зéми дó гуша.

 

Пýста дýша кóлаі не излéгуат. Плáкала, ви́кала жената до двá-три́ сáатот нóкьта и за кѫ́сметот нéзин чул еден кьеседжиіа, што вѫ́ртел околу грáдот, за да нáідит нéкоі чоек да плéнит и дóшол каі што беше закóпана, и от кога се нáучил заóшто била закóпана, го нáтерал сéизот, што го нóсел сó себе, да іа óткопат, и іа óткопал, та си іа кáчил нá кон и си́ іа óднесол нóкьта во грáдот своі, та си́ іа нáпраил за измéкьарка. Со гóлема благóдарнос невéстата прии́мала сета кýкьна рáбота от избáвникот кеседжи́іата. По нéкоі мóсец врéме го спи́рило (го накарало) гьáолот сéизот от кьеседжи́іата да и пóідит на постèлата от невéстата. Таіа, бидéікьим чéсна, му рéкла, со чес да си и́злезит от каі неіа. Си излегол измéкьарот зáстрамен и вáтил да му крóит некоі мáрифет, како да іа ýбиет. Се поми́нало нéкое врéме и влéгол во одáіата от невéстата, та и го нáшол рускотó ноже и вечерта му го зáклал дéтето мáжко на кеседжи́іата со нóжето от

 

 

198

 

невéстата и іе го скри́л под зглáвіето, каі што спи́еше тáіа. Ỳтрото чéкала маіка му на дéтето да се рáзбудит, нéмало; пошла мáіка му да ви́дит; кога штó дá видит: мáшкото и и ми́лото и дéте удáено во кѫрв! Спи́скала жéна, што и гѫ́рло течит; дóшол мажот іе, дóшла измекьáрката, измéкьарот: бре штó е, бре како е, коі кьé бидит, што кьé бидит? Тѫ́ргнале да бáраат ни́с кукьа, спóред како што рéкол измéкьарот, оти трéбало да се бáрат кѫ́рвав нож, коі и́мало, тоі го зáклал дéтето. Пробáраа каі себе и пóшле каі измекьáрката; бáрал измéкьарот овде, онде и беше и го нáшол пóд зглавіе, каі што беше го клáл. Кога ви́дел кьеседжи́іата, оти таіа му го зáклала дéтето, тѫрчáница пóшол и зел сáбьата да іа сéчит на кóмати. Се пýшти женáта му и му іа вáтила рáката: „Амáн, домáкине, му рéкла, нé моі, не гýби іа, за да нé гледам во кýкьава кѫ́рвнина и́ друга; достá ми е éднава. Іа дá е пáтот, нека не іá гледам пред óчиве; тáіа да беше би́ла чéсна, не кье іа закóпаа в зéми.” Па жáлта згóра, іа пòслуша кьеседжи́іата женáта си и и́зваде, та и дáде 20—30 грóшеі и éден леп и іа и́стера. Си зеде сирóтата нéвеста óчите в рáце и си тѫ́ргна да пáтуат прекý трупа; дéнье, нóкье, што бега и іа раздéнило во еден грат, та се врáтила во еден ’ан да кáснит мáлку леп и да се нáучит коі грат ет. Кáснала мáлку лен и éте ти еден калáбалѫк каі вѫ́рвит пред áнот, со éден вѫ́рзан чóек, што го нóселе на бéсенье. Прáшала невéстата анджи́іата: „Мóре брáте, што кáбает стóрил чоеко, што кье го бесат?” — „Ни́што нé сторил, нéвесто, чóекот, му рéкол анджи́іата, тýку имал за дáванье 20 грóшеі на цáрот за вéргьиіа да дáват, ти́кьи немáікьум да плáти, кье го бéсат.” — „Бре, да за двáесет грóшеі да го бéсат! му рéкла невéстата, нá ти 20-те грóшеі, абре áнджио, іас и те мóлам, куртули́саі го чóекот, оти грéота е да го бéсат за дваесет грóшеі.” Зел анджи́іата 20-те грóшеі и му дал на тоі, што кье го обесеа и го куртýлисал от бéсалка.

 

Жéната, от како кáснала мáлку леп, си тѫ́ргнала да нáтуат от тоі град за во дрýг, одéікьи си покрáі море нажáлена.

 

Чóекот, што кье го бéсеа, дóшол нá ан и го прáшал анджи́іата, коі чоек беше, што му плáтил цáрската вéргьиіа и го куртýлисал. Му кáзал анджи́іата, оти éдна млáда іабáнджика нéвеста дáла 20-те грóшеі и тогаі бѫрго беше се упáтила иокраі мóре.

 

„Бре, да жéна мéне ми плáтила! Чекаі да іа стáсам и да іа прáшам, оти можи таіа мéне да ме сáкат.” Тоа рекол и се пýшти пó неіа да іа втáсат и едно іа ви́дел и дал вик пó неіа. Застáнала си́рота да ви́дит, што іа викат, и едно дóшол до неіа, іа прáшал, дали ви́стина тáіа го откýпила да не гó бесат. Таіа му кáжала, оти ви́стина таіа го откýпила. „Ех, лели ти ме откупи, му рéкол, ти́ мене ме сáкаш, а и іа тебе те сáкам; éла ми пó мене дóма, кье те и́мам за жéна.” — „Мóре мóмче, мóре брáте, іа си и́мам маш, му вéлела таіа и зá тоа нема да се мáжам, дури не речи Гóспод сó него да се стáвам и да си бидам домáкьинка, како што сум би́ла; да іа ако сýм те откýпила, сум те откýпила за ми́лос, да не зáгьиниш за двáесет грóшеі; те мóлам óстаіме да си óдам по пáтат и да си гледам áлот.”

 

На си́те мóлби згóра, што му і дáеше невéстата, тоі ýште поекье се си́леше да іа сáкат и вáтил со сила да іа тѫ́ргат зá рака, дóма да іа нóсит. Спи́скала нéвеста, што и гѫ́рло тéчит, и на пискáньето нéзино дóтѡрчал еден кáпидан от една гéмиіа, што била во ли́манот. — „Мóре чóече, заóшто іа дѫ́рмолши жéната така, му вéлел капи́данот, што кáбает ти стóрила?”

 

— „Море жéна ми е, бре брáтко, рéкол обесéникот, ти́кьи сáкат да ми бéга, да зá тоа сáкам да іа врáтам дóма.”

 

Си́рота нéвеста се оти́мала, си кажýала прáото на капи́данот, арно, коі іа вéруат нéа, се вéруат мáжот. „Море чóече, му рекол капи́данот, іас гледам, оти вие не сте живéеле и не кье живéете, туку іа, ако сáкаш, продáі

 

 

199

 

ми іа. Колку ми́ сакаш, сакаі да ти броіам пáрите?”— „Е, лели тáка ми вéлиш, му рéкол чóекот, даіми две хи́льади грóшеі и ви́ди е áирот.” И´зваил капи́данот 2-те хи́льади грóиіеі и си іа грáбнал невéстата, та си́ іа внéсол во гьеми́іата. Викала таіа, се оти́мала, нéмаше коі да и пóможит бидéікьи іа пóтерал геми́іата капи́данот пó море да си пли́ват. Дóшла гьеми́іата стрéд море и капи́данот пóсакал да іа бéзчестит. Дáла вик си́рота, се оти́мала со сéта си́ла и от Бога пóмош со сѫ́рцето сáкала, за да іа чýат на чéста и тýку веднаш се ди́гнало мóрето со éдни си́лни тáлази, та како іа запотéрало прекý море да іа нóсит, бре овде, бре онде, кье се ýдаат. Во тоа врéме капи́данот іа óстаи невéстата и се зáпнал за гьеми́іата да іа упрáвуат. Арно ама гьемѝіата іа óднесло вéтро бли́зу до éден краі и іа ýдрило во камéньето, та пáрче пó парче се стóрила. За кѫ́смет, бéше се нáшла невèстата на една шти́ца и беше іа исвѫрлило мóрето на брéго. От кога беше и дóшло малку свéста, стáнала и влéгла во бли́жнио град, та óтишла во éдна пóрта, што и се прéстави пред неа и таіа порта се погóдила от царицата конáците, чýнкьи но тóа цáрсто цáрица била цар. — Влéгла во акчиіни́цата и се мóлила на акчи́іцата да іа при́имат за да му прáит и́змет кóлку за лéбот. Дéнеска, ýтре прáела и́змет невéстата и нé знам што іа нáшла акчи́іцата, се побóлила; вáтила невéстата да гóтвит мáнджи. Кога іала цари́цата, на чудо стáнала и повéчера после іа ви́кнала при́ себе, та от кóга се разгоóрила дóлго и ши́роко, толку іа бенди́сала, што на сѫ́рцето и лéгнала; от тоі сáат векье не іа остáала ни́ти един саáт да се и́стаит от кáі неіа. Со дéнеска, со ýтре, одóшто беше рáзумна невéстата, цари́цата бéз неіа ништо не прáеше — за си́те цáрски рáботи со неіа и глéдаше. От како помина една гóдина врéме, дошло сáатот и цари́цата пáдна бóлна за уми́рачка. От кога ви́де, оти нема чаре, кье се ýмират, сóбра мéзличот и нáпраи една кни́га за невéстата: ако ýмрит таіа, на нези́ното место неіа іа óстаа цáрица. Мéзличот си́от іа потпи́шаа кни́гата и по нéкоі ден си ýмрела цари́цата. Седна на стóлот невéстата и се стóри цáрица. Со пѫрво нáредила, во гродот нéзин да и́мат спи́талье, за да се лекýаат бéс пари сéкакви бóлни и нéолни; даде абер по газéтите да се рáзберит со си́от вéк и си́те рáзбраа и вáтиле да óдат бóлни да се лекýаат; сéкоі бóлен, што кье доідел, трéбало таіа да го ви́дит и да го испóведат, да пóсле кье го клáела во спитáльето.

 

Мáжот іе кога беше си дóшол от пáнагьур, брáт му беше му кáжал, оти гьоа беше іа нáшол една вéчер со іарáмази и іа ви́дел каі іа безчестýале и и́спат му го стóрил со дéсетмина кóмшиі и судот іе прéсудил да се зáкопат жи́ва в зéми. От кога се ýверил на лáгьите от брáта си, пóплакал и си рéкол, векье да не сé жени, чункьи гьолема ми́лос и́мал нá неіа.

 

По нéкоі мéсец вáтило на по мáлиот брат да не му се видит от óчите и от ден нá ден си óслепе чи́сто.

 

Во тоа врéме от кеседжи́іата измéкьарот беше се вáтил от нозе и от раце, а обесéникот, што го избавн невéстата от óртома, беше се скрáстаил. За да и́злези правйната нá мегдан, беше тѫ́ргнал мáжот от невéстата со брáта си слéпиот, да óдит на болни́цата каі невéстата; кеседжи́іата беше тѫ́ргнал со измéкьарот, и маіка му со обесéникот скрáстаен — си́те троіца беше втáсале во грáдот и то еден дéн беше се престáвиле прет цари́цата. Едно беше и ви́дела и беше и пóзнала си́те. От голéмата жал, што беше и пáднало за мáжа , не мóжела ни́то да му прогóори, ами си влéгла в óдаіа и от кога се изнаплáкала арно, заповéдала, та сóбрала мéзличот и извáила си́те трóіца да и исповéдуат, гато грéои имаат. Секоі си кáжуал, ама зáради нéіа ни́коі не кáжуал. — „Слýшаіте вамо, му рéкла цари́цата, ако не си кáжите до нáі мал и нáі голем грéф, нéма да ве пýштам во спитáльето. Вака да знáите. Іа кáжете се, іа óіте си от каі што сте дóшле!”

 

 

200

  

Си́те трóіца се расплáкале и се оти́мале, гьоа друг греф нéмале. Арно ама цари́цата бидéікьи грéот му го знáеше, не и верýаше, и и́стера от пред мéзличот, та беше му кáжала, оти тоі ет мáжот и за дéвера , и за кьеседжи́іата, и крастáиіот, коі како беше и напрáиле.

 

От како постóіале нáдвор, брáт му на слéпио, кьеседжи́іата, от крастáиот мáіка му, си́те п тéраа: или да кáжат сé што стóриле, или кье и óстаат во тоі град; нáзат éднаш нема да и нóсат тáка бóлни.

 

От кога ви́доа зорт, слéпиот, улогаиот и крастáиот се тáксаа да кáжат сé што беа стóриле греф и влéгоа каі цари́цата, та си́те беа кáжале за неіа: дéверіе и слéпио, кáжал, оти за прáва Бóга си іа прéдал снáа си да іа закóпаат жи́ва в зéми; сéизот кáжал, оти от кьеседжи́іата му го зáклал дéтето заради измекьáрката, што іа откóпаа от кáі што беше закóпана; крастáиот кáжал, оти го куртули́сала една нéвеста от ортóмта и тоі іа прóдал на éден гьеми́джиіа.

 

Кога чýле мéзличот тие збóрои, на чýдо беше стáнале.

 

„Е, стáрци, му рéкла невéстата, чувте и поверýавте, оти мéне ме мáчиіа си́те трóица на прáвина, ви́довте, оти правѝната се тáнчи и не се кини ; блáзе и прéблазе коі кье дóтѫрпи докраі. За сето óвие, што кáжаа, како што беше, ýште едно пóслежно зло, што ме нáіде от капи́данот, óвие си́ромаси нé знаат, за да кáжат, ами́ іас да ви го кáжам. Откога ме прóдаде крастáиов на капи́данот, ме зéде в гьéмиіа и во стред мóрето сáкаше да ме бéсчести; іас многу се óтимав и Бога мóлив, за да не се бéсчестам. Бог чу мóите от сѫрце мóлитви и запóведа на мóрето да се нáкренит и на чáсот капи́данот ри́пна да упрáвуват гьеми́іата. Арно ама гьеми́іата се ýдри от едни спи́ли и се óкѫрши, а іас се нáідов на óдна штѝца нá суо. Гóлема беше моіата рáдос нé дека не се ýдаив, áми дека не се бèзчестив. И со пѫрво влегýанье во овоі град, влéгов во цáрскио сáраі и со прáвина Божи́іа, еве сум дéнеска цáрица.” От кога докáжала цáрицата тие збóрои, го зела мáжа , та го клáла дó себе и бóлните и пýштила на спи́талье и за бѫрго врéме беше оздрáвеле. Сéкоі, што чу, се зáчуди. От тогаі óстана, за да се прикàжуат ден дéнеска.

 

 

Слушана от Коста М. Цѣпенковъ.

 


 

 

5. Дѣте родено на три мѣсеци

 

Се ожéнило едно мóмче и невéстата, што іа зел, му рóдила дéте на три́те мéсеци. Мóмчето било не дó толку и́тро и вéднаш не се сéтило, оти трéбало на дéветте мéсеци да му рóди невéстата. Мнóзина беа му се пóдбиле шéга на мóмчето, дека му рóдила невéстата му дете, донéсено от каі тáтка и от каі мáіка .

 

— Мóри нéвесто, му рéкло мóмчето, за дóтево, што го рóди ти, мене ми се смéат свéтот, оти си го рóдила бѫ́рго — во три мéсеци; трéбало да го рóдиш на дéветте мéсеци, а не на три.

 

— Море дóмакьине, нé биди бýдала да и слýшаш свéтот коі како кье ти рéчит; свéтот ни завидýаат, а домáкьине, и сáкаат да не рáсипат и ми́лоста да ни іа зéмат от помéгьу нас. Да за дéтево, што ти рéкле, оти нé било нóсено девет мéсеци, тóа саде те лажат; ами éве слýшаі да ти го кàжам éсапот колку мéсеци ни и́мат дéтето: три мéсеци го нóсив от кога ме свѫ́рши; три мéсеци го нóсив от кóа си ме зéл, се стóрило шес мéсеци, и три мéсеци ни и́мат дéтето, Гóспод да ни го пóживит, éте ти дéвет мéсеци, домáкьине. Еве пáк ако сáкаш прéслагаі сам ти и да ви́диш, оти дéвет мéсецó ни́ ет. Еве пак еден дрýг éсап да ти прéслагам, бре домáкьине, ýште пи близу до ýмот: три мéсеци от коа се свѫ́ршив іас и три мéсеци ти, éве шес мéсеци и три мéсеци дéтето ни и́мат, éве дéвет мéсеци, бре домáкьине.

 

 

201

 

Да ако ти се пóсмеит нéкоі от сега вáмо, стори́му го овóі есаи́, и ýдри го преку чýрило, [1] за ýште éднаш да не мý текни да се бие шéга сó тебе. Оти знáиш, домáкьине, свéтот си бáраат по бýдали лугье, за да си прáат мезе сó нив. Да, ýште éднаш ако ти рéчит нéкоі, како што ти кáжав, ýдри го преку свéтила и глéдаі си рабóтата.” Со тие збóрои, бидéікьи пóитра невéстата, го излáгала мóмчето и тоа си поверýало, оти е така.

 

 

1. Муцуна.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]