Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, кн. VIII, 1892

М. Цѣпенков

 

III. Народни умотворения

 

3. Приказки за зли духове и др.

 

1. Гьаолотъ, што кье оженеше четириесетъ каугери

2. Тритѣ самовили, стариятъ слѣпецъ и келешътъ

 

Отъ Прилѣпъ.

Записалъ М. К. Цѣпенковъ.

 

 

1. Гьаолотъ, што кье оженеше четириесетъ каугери.

 

Бли́зу до éден мáнастир и́мало éдна чéшма, прáена от каугьéрите, што биле во манáстирот, за сéкоі, што кье пóминел и нáминел краі пáтот, да се врáтит и вóда да се нáпиет. До чéшмата и́мало éдна стáра éхла, от незапáметно [1] врéме. Во манáстиро, што би́ле четириéсете каýгьери, би́ле мнóгу нáбожни и прáеле гóлеми дóбринье по нáродот;  не сáмо чéшмата, што бéа напрáиле, ами и дрýзи дóбринье прáеле гóлеми, Тýку рéчи си́те четириéсетте каýгери би́ле бли́зу, за да се пóсветат.

 

На éхлата, што би́ла до чéшмата, се зби́рале си́те гьáоли сéкоіа нокь и прáеле  мушáвере, коі кáкво зло нáпраил дéнта. „Е, ти бре, щто зло нáпраи дéнеска?” му рéкол на éден големиó гьаол, Веезевуло. — „Іас дéнеска скáрав двáіца брáкьа и éднио му и и́зваде óчите на дрýгиіо, тавтóриіо го клáдоа апсáана и кье рáботам да го óбесат, за да óстанат шес дéца си́раци.” — „Ашколсун бре, éте тéбе кье ти ни́кнат рóгои. Дáіте му éден стол да сéдни, му рéкол на дрýзите, и дáіте му éден чи́бук да пи́ет тýтун, óти е дóстоен. — Ами ти бре, што нáпраи — прáща втóриіо — дéнеска?” — „Іас нáпраив да се зби́іат син и тáтко; си́нот тáтка си го ýби и пóсле си́нот от жал, што му дóіде, пóіде та се óбеси.” — „Ашколсун, бре си́нко, му рéкол голéмиіо, éте ти си бил по мáістор от пѫ́рвион. Бѫ́рго дáіте му éден стол и éдно нáргьуле, нéка пѝет, óти бил дóстоен. — Ами ти бре — му рéкол на трéкьиіо — што зло нáпраи дéнеска?” — „Іас нáпраив éден влáдика да пóіди на кýрви и да го вáтат, та áпѫс го клáдоа и от страм, што му дóіде на влади́ката, пóсака да се пóтурчит”. — „Ашколсун ѝ тебе да ти́ е, бре кáфпе, óти си нáпраил глáвна рáбота. Дáіте му и́ нему éден стол да сéдни, óти е дóстоен, дáіте му éден чи́бук и óзгора éдно кáве. — Ами ти бре, што стóри дéнеска? — прáша чéтвѫрти. — „Іас нáдупив éден пиіáница да си óтепа жéната и сéга óстана бéз жена, да нéма коі да го кáра за дéка се óпива, за да и́спие сéта стóка.” — „Ашколсун да ти е, ама ýште не си за нáстол да сéдиш!” — му рéкол Веезéвулот.

 

Тáка и прáшал си́те гьáоли со рет големиó гьаол, коі кáкво зло стóрил во дéнот и спóрет злóто, стóрено от сéкого, му дáвал и бáкшишот.

 

Сéкоа вéчер тáка и прáщал и и насѫрчуал со гóлеми бáкшиши за коі от  коі по гóлемо зло да стóри. Бидéікьи тáка, му дáвал голéмио гóлеми бáкшиши, ýште пóекье се си́леле гаьóлите за коі по гóлемо зло да стóри.

 

От помегьу си́те гьáоли, éден от по стàрите стóрил ни́ет да нáпраит нéкое мнóгу зло, што да го óчудит голéмио со лошотиата, што кье нáпраит и да го клáит годéмио и́ него нá стол, кáко што и клáвал дрýзите. Дýмал, шéстал, кáкво зло да нáпраит. Му дóшло на ýмот да пóіди во манáстирот, што бил тýа бли́ску со четириéсете дóбри каýгери и да му влéзи

 

 

1. Не ще да е народна дума, както не ще да сѫ и други нѣкои пó-нататъкъ, отбѣлѣжени съ особитъ шрифтъ думи. Б. р.

 

 

165

 

со пѫ́рво за éгумен, чýнкьи егýменот му бил ýмрен, да пóсле да и лóсти и да и дóнеси зá сèкоі да се óжени и да и óгрешит.

 

Ти се нáпраил гьáолот éден кáугьер со éдно дóлго брáдищте, со éдно гóлеми рáсиште, дýри пóземи да се влéчка. Сми́рен, крóток, óчи ни́каде не вѫ́ртел, се прéт себе си глéдал, кáко нéкоі конь паітóнджискьи: на трáва нé газел. Тáков му се прéставил на каугéрите во манáстирот. Бидéікьи тáков бил гьáолот, си́те каýгери мýнасип наогьáвале, за тоі да му би́ди éгумен, чýнкьи глéдале, óти го знáел зáконот от нив нá пѫрсти стóпати пóекье, ем бидéікьи 5—6 мéсеци, што му сéдел во манáстирот, áрно ама манасти́рскьио рет ни́коі от нéго пó арно нé го знáел. Сéкое собрáние от каугéрите, што кье и́мале за нéко манáстирска рáбота да ýредат, ни́коі пó арно нé можел да дóкажи, кáко да бийди и кáко да се ýреди, откóлку гьауло. Гледáікьи тáка во мýдроста и крóтоста от препраéнио гьáол на кáугьер, си́те беа дошле éден ден во éдно соглáсие за нéго: да го клáат éгумен и дрýго ни́што. Асли и тоі тóа бáраше и му се кýрдисал за éгумен. От кóа зел сéта рáбота манáстирска, и от кóа вáтил да и заповéдуа си́те четири́есе каýгери, да си óдат сéкоі по свóта рáбота, вáтил сéкое собрáние на тѫрпезáри за рýчек или за вечéраньа да му кáжуа слóво, гьеоа слóво Бóжье; áрно ама тоі и́тѫр бидéікьи, кáко дьáол, вáтил да му развѫ́рзуа по нéшто от каугéрските зáкони: іок óва, што би́ло, іок óно ни́што нé било, им вéлел; наі пóсле бéше му рéкол, óти трéбало си́те да се жéнат и да си зéмат по éдна нéвеста, за гьáолот да не и искушáва. От мнóгу мéста от кни́гьите му нóсел доказáтелство, óти трéба да се жéна и да си и́мат сéкоі по éдна жéна и нéка би́дит и тá кáугьéрица. „Іас áко нé бев стар, свéти óци, му вéлел, бéз друго кье се óженев, за вам стрáмо да ви го зéмев, áма кáко да му прáам на стáроста, што и́мам.”

 

Со тáквие и друзи мнóгу итрóфштинье и канди́суал егýменот четириéсете каýгери, што би́ле пригóтвени за свéтии. И от ден нá ден му се пáлила тá искра во сѫ́рцата на по-млáдите каýгери; пóкраі млáдите и стáрите не се откажýале. Кóга глéдаш, туку éден ден дóшол, што сáмите да му рéчат на егýменот, за да се жéнат. Éте ти кóлку е си́лен гьáол натéмаго, да му прéвѫрти уми́штата на четири́есет каýгери, си́те пригóтвени за свéтци и да и дóнесит, за да и омáскари прет цéлио свет. От кóа канди́саа си́те каýгьери да се жéнат, го мóлиа и́ него да се óжени и да си зéмит éдна нéвеста, да е пó стара, а пак зá нив áко се пó млади, чýнкьи тáка би́ло по мýнасип и тáка прилéгало. На тóа згóра, при́има Веезéвуло само и само да не му го скѫ́рши кьéот.

 

Стóриа éдно собрáние, зá коі да óит да бáрат нéвести за си́те. На тóа згóра егýменат при́имал за тоі да óдит да и свѫ́ршит. „Еве с кье при́имам да óдам, за да ве свѫ́ршам, брáтиіа возлъýблени мóи, и трéба да знáите, óтн кье ве свѫ́ршам от четири́есет сéла, от сéкое сéло кье ви свѫ́ршам пó една ýбаа и млáда дéвоіка. Знáіте, óти от четири́есет сéла кье ве свѫ́ршам?” — „Не знáиме, óче егýмене”, му рéкле.” — „Еве зáошто, Да ви кáжам, им рéкол, за да и́мате рóдеи и пріáтели во четири́есет сéла и да не би́дите кáко нéкое дѫ́рво цéроо бéсплодно и рáплао.” Со ти́е и дрýзи мнóгу збóрои бéше и склóнил вéкье до немáі-каде да се жéнат каугьéрите.

 

Стáнал éднó ýтро рáно и си и́злегол от' манáстирот, за да óди по сéлата. Со гóлема чéс бéа го испрáтиле каугéрите дури до пот мáнастир дóлý.

 

Тѫ́ргнал óт село в сéло и бидéікьи гьáол, бéше кáндисал тáтко и мáіка на сéко чýпа, зá да дáит за нéвеста на кáугьер, да мý би́дит и́ та каугьéрица. Свѫ́ршил во четири́есет сéла по една дéвоіка, за да му би́ди на кáугьер нéвеста во фильан мáнастир. Мнóгу тáтко и мáікьи пóідоа на мáнастир и прáшаа, да ли е ви́стина тáа рáбота! От коа бéше се увé-

 

 

166

 

риле, óти е ви́стина, бéа си óшле дóма и бéа си раскáзале по свóіте. Сите, што чýле тóа нéшто, бéа се учýдиле, кáко да дáало зáконот кáугер да се жéнит. Áрно ама гьáолот бéше и и́сполнил со éден нéгов дув, што сéкоі, што кье чýел и кье се ýчудел, вéднаш да рéчи, óти нé ет грéота.

 

Си óшол дуóвнико на мáнастир и му кáжал на сéкого от каугéрите, ко дéвоіка свѫ́ршил зá него и кáко и би́ло и́мето и прези́мето. Кóа чýле каугéрите, óти и свѫ́ршил егýменот, гóлем кьев бéа напрáиле и по три метáнии бéа му напрáиле.

 

Поми́нало мáлку врéме и бéше и сóбрал каугьéрите на éден мéзлич, та бéше му пóсакал пáри да дáат, за да се кýпат дáрои, за да се прáтат по девóікьите, спóрет áдетот, што го и́мале по сéлата. Сите кáугери бéше извáиле пáри и бéше му дáле на егýменот, за тоі да кýпит дáрои кáкви што трéбале. Зел пáрите егýменот и óтишол в грат, та нáкупил дáрои, кáко што си збóруал со лýгьето от девóікьите. Цел тóар дóнесол на мáнастир. Та óдбрал éден, по стáреа, егýменот, и го онрéделил нéго да óдит по четири́есете сéла и да му óднесит дарóите: на сéко дéвоіка и дар: кому шáми, кóму óбеткьи, кóму гьéрданче, кóму пáфти, кóму кóланче, кóму чéвли, кóму кóжув, кóму кóжувче, кóму кáкво му би́ло збóро со егýмено гьáолот, та тоа да му се нóси. Си го тóарил кóньо каýгьерот со дарóите éдна при́квчер и слéгол от манáстирот дóлу за в пóле, да óди по сéлата да и нóси дарóите и да му рéчи на таткóи си и на мáікьи си от чýпите, за до четири́есете дни да би́дат гóтои со девóікьите, óти кье дóідат каугéрите да си и зéмат.

 

Се прéкѫрстил кáугерот со тóарот и си тѫ́ргнал по пáтот. Áрно ама éден от гьáолите, што нé му го знáел мари́ветот от гьáолот на éгумен сторен и бидéікьи сéкоі гьáол и пи́змел каугéрите и тоі, што го ви́дел, óти се прéкѫрстил, бéше му кýрдисал éден мáривет, за да го смéтит от пáтот. Му го прéсторил тоі пат на дрýги и го пóвел пó себе да го нóси. Кáко го вѫ́ртка, кáко го сýка до нéкоі сáат мéсто, што дýри се смрáчало, не му го óпраил пáтот. До нáі после го дóнесол во éден бáтак, та бéше го нáвѫртел кóньо и бéше го зáкачил во бáтакот и тóгаі бéше се стóрил нéвиден бист гьáолот. Кóа се ви́де каýгьерот зáкачен со кóньо во бáтакот, се вчудó видел. Опнал сам да го óткачит кóньот. Арно ама, кóлку óпиньал да го вáди, тóлку пóеке го згнéтуал внáтре, чýнки тоі бáтак бил мнóгу длáбок. Чéка сирóмаіо кáугер нéкоі чóек да пóмини, да му пóможи, не пóминал. Да се врáти на мáнастир, за да му кáжит на каугéрите, му би́ло страм, . Му дóшло на ýмот, да пóіди каі éхлата, што била до чéшмата манáстирска, та нá не да се кàчи и да пренóкьева, чýнкьи тáмо не мóжеле да го дóсигнат нéкоі ди́ви звéрои. Тáка се прéдумал и си óшал каі éхлата, та се кáчил на нé и се скрил во éдни ли́сіе згѫ́стени, што ни́коі да нé можи да го ви́ди.

 

Кàко сéко вéчер што се зби́рале гьáолите на éхлата, тáка и тá се сóбрале и вáтил Беезáвулот да и прáшат сéкого со рет, коі што лóшо дéнта нáпраил. Сéкоі гьáол си кáжуал свóето зло, што го нáпраил и кóа му дóшло рéдот на гьáолот, што бил éгумен и́ тоі си кáжал свóіо мáривет : кáко се стóрил éгумен, кáко и кáндисал каугéрите да се жéнат, кáко го прáтил дéнта éден кáугер со дáрои и да му рéчит по таткóи си и мáікьи си на девóікьите да се чинат áзѫр до 40-се дни и кье óделе каугéрите да си и зéмат и да се óженат. Кóа чул тóа нéшто голéмиот, áшколсун бéше му рéкол и на наі гóлем стол бéше го клал, наі áрен чи́бук бéше му дал, со наі гóлем кéхлибар. — „Áшколсун, бре кáвпе, бéше му рéкол голéмио, на óвоі мáривет, ти што си го нáпраил: да омáскариш четири́есет каýгери. Éдно нéшто сáкам да те прáшам, му пóвторил голéмио, какó прáиш в литýргьиа, кóа да се рéчи благослóвено цáрство?” — „Кóлку за тóа, сум си на-

 

 

167

 

шол колáілѫкот, му отгóорил егýменот: прет да се рéчи благослóвено цáрство, іа кье и́злезам, гьоа, иó надвор и от кóа кье се рéчи, кье влéзам в цѫрква.” — „Áшколсун, áшколсун, ем штом кье свѫ́ршиш óваа рáбота, да си ýверен, óти кье ти никнат два рóга”. На ти́е збóрои чул гьáолот, што бéше го зáкачил кóньо со дарóите во бáтакот и не дóчекал рéдо за нéго да го прáшат, áми сам си кáжал, óти тоі кáугер дéнта бéше го мáткал и кóньо му го зáкачил во бáтакот. „Бре, да би óслепел да би, што зло нам си ни стóрил! му рéкол егýменот, што си го смел от пáтот?” Кóа чу голéмио тóа зло, стóрено от тоі гьáол, вéднаш бéше запóведал на éдни гьáоли, да пóідат каі бáтакот, та да го и́кóньо и да го и́змит от кáлта, да го пýштат во ливáдата манáстирска, за да пáсит, а на дрýзи гьáоли му запóведал, да го клáат тоі гьáол во вáлака и да му ýдрат пестóтини стáпои пó нозе, за ýште éднаш да му тéкнит, кóга óди кьóрлеме.

 

От кóа бéше се свѫ́ршила тá рáбота, пропéале пéтли и нéвиден би́ст беа се стóриле гьáолите. Кáугеро, скри́ен во шýмарот, кога чул, на чудо беше стáнал и уште во темни́ зори си óшол на мáнастир, та му кáжал на си́те тóа, што чýл. Тóгаі дури беше си поткáсале ри́лкьите и беше си рéкле: „лелéх, ние грéшници, што гóлемо чудо кье стóревме? На цéлио век кье бóдевме стрáмни и прет Бога сýдени, во вéчна клáени!”

 

Го скри́ле каýгьеро со кóньо и влéгол егýменот да слýжи литýргиа ýтрото. Тамáм као дóшло да се речи благослóвено цáрство, тѫ́ргнал да излéгуат от цѫ́рква нáдвор; áрно ама каугьéрите беа и затвóриле врáтите и си́те пенджéриньа, што би́ле во цѫ́рквата, та коа пóсакал егýменот да и́злезит нáдвор, нéмало от каі да и́злезит. Едно се зáрекло благослóвено цáрство и сóімел егýменот да излéгуат надвор; áрно ама четириéсетте каýгьери беше вáтиле врáтите и ни́што живо не припýштале. Коа беше се нáшол во тéсно гьáолот, едно от мири́збата от тéмьанот, што беше клáле тóгаі пóекье каугéрите, за нéкако да го пýкнат, и дрýго от благословéното цáрство, што се рекло, ритáікьи, скакáікьи ни́с цѫ́рква гьáолот, беше пýкнал, како нéкоі топ: бáууу!

 

Тáка беше се избáвиле сирóмаси каýгери от сатáнскьите нóкти и ýште тóлкуа гóдинье пóстиле, дýри се свéтиле.

 

 

Слушана отъ Ф. Г. Яневъ.

 


 

 

Отъ Прилѣпъ.

Записалъ М. К. Цѣпенковъ.

 

 

2. Тритѣ самовили, стариятъ слѣпецъ и келешътъ.

 

Си би́л éден стáр слéп во éдна плáнина и си и́мал éден гóлем сáраі; во сáраіо и́мало дванáесет óдаи заклýчени со дванáесет клýчеи.

 

Си би́ло едно мóмче мнóгу іýнак и мнóгу сирóмавче. Бидéікьи мнóгу іýнак и мнóгу сирóмавче тѫ́ргнало да бáрат кѫ́смет. Óдело по гóри и по плáнини и за кѫ́сметот нéгов го нáшол сáраіо и се при́брал до стáрио. От коа се распóзнале стáрио со мóмчето, му рéкол стáрио на мóмчето: „іас те сáкам, мóмче, за на мéсто си́н ти да ми би́диш, áма ако легниш ни́чкум за да те ýдрам со патери́цава три́ пати што да мóжам.” — „Ýдри ме, стáрче, шéс пати ако сáкаш, а нé три́ пати, сáмо си́н иімáі ме.”

 

Зéло мóмчето éдна врéкьа полна со слáма и лéгнало до врéкьата, та му сви́кало на стáрио да го ýдри со патери́цата. Удрил стáрио на врéкьата со патери́цата, пук стóрила, спи́кало мóмчето: „óлеле, дедо, нé мааі тóлку.” Го ýдрил фтóри пат и трéти пат, пáк мóмчето виікало: „óлеле, дедо, мé отепа, нé мааі тòлку.” От коа го ýдрил три́ пати го пóсинил и му дал

 

 

168

 

дéсет клýчеи от дéсетте óдаи да óтворит мóмчето и да ви́дит штó има и штó нема вó нив. Отвóрило éдна óдаіа, кога ви́дело вó неа, пóлна со стрéбро; отвóрило дрýгата, пóлна со злáто; отвóрило трéкьа, пóлна би́сери и тека и отвóрило си́те дéсет óдаи и во си́те биле пóлни со си́те убáинье што и́мало на вéков. От коа ви́дело мóмчето тие убáинье, му посáкало на стáрио ýште двáта клýча за да óтвори ýште двéте óдаи и да ви́ди, штó има вó нив. Арно ама стáрно не му ѝ давáл. „Зéми и, си́нко, óвците, му рéкол стáрио, и отéраі и да и пáсиш, оти преглáднеа, чункьи óдамна нé биле на пáсенье и сегде да и пáсиш, само на самови́лцката плáнина да не и носи́ш, óти и́ма три самóвили, штó ми и зедóа óчиве моі.”

 

Зело мóмчето стáпот нá рамо, закáчило шупéлката зá поіас и зáбрало óвците и прáо и отéрало на самови́лцката плáнина да и пáсит. И натéрало óвците во нáі убáіте ливагье да пáсат и си сéднало под éдна сéнка мóмчето, та си дýвнало шупéлката да си сви́рит. Чýле самови́лите и дотѫ́рчале кáі него, та се вáтиле óро да и́граат. „Слýшаі вáмо, мóмче, му рéкле, áі ние да се вáтиме сó облóк: ти кье ни сви́риш со шупéлката и ние кье и́граеме; ако не нáтсвириш, што сáкаш кье ти дáиме, а пáк ако те нади́граме, кье ти и зéмиме óбете óчи.” — „Áіде тáка нека би́дит, éве іас кье ви сви́рам и вие и́граіте,” му рéкло мóмчето.

 

Мóмчето сви́ри, самови́лите и́граі, мóмчетоéи́ сви́ри, тие и́граі, дýри вáтило да му постанýаат пѫ́рстите от мóмчето. „Еі момче, се ýмори што нéпара мóжиш да сви́риш?” мý рекле. — „Не се ýморив, сéстри самóвили, тýку ми дóіде нá ум за фчéра дека го пóштев тáтка, со пѫ́рстите во кóсата како што му бýричкав, ти́кьи зáтоа и на шупéлкава како да бýричкам кóса.” — „Брé, да си знáел зер да пóштиш ти, му рéкле самови́лите, é лéли си знáел, áі попóшти не бáрем и нам, да ви́диме како кье нé поштиш.” — „Заповéдаіте сéстри, им рéкло мóмчето, да ве пóпоштам, да да ви́дите како ýбао кье ве и́споштам.” Дóшле дó него си́те три и си клáле глáите на скýтот от мóмчето да и пóштит. Едно им расплéтило кóсите и ви́днаш беше и вѫ́рзало си́те три́ кóси зá коси и и обéсило за éдна грáнка от дѫ́рвото што би́ло дó него.

 

Коа се ви́деле самови́лите обéсени на дѫ́рвото, пáднале на áман, да му се мóлат на мóмчето да и пýштит. „Ве пýштам, им рéкло мóмчето, áма ако ми и дáите óчите от тáтка.” — „Пóіди, мóмче, каі óнаа пéштера, му рéкле, кáі нас дóма и зéми и óчите от пóлица, што сет како две іáболка позлáкьени, однесй му и дома на татка ти нека и изеит и веднаш очите кье му доідат; ама кога кье влезиш дóма кáі нас, крóтку дá одиш, за да не ни и и́сплашиш дéцата и да се и́згорат в óгнот.”

 

Отѫ́рчало мóмчето во пештéрата от самови́лите и дал вик во пештéрата, се уплáшиле дéцата и си́те в óган беа се вѫ́рлиле, та беа се изгóреле. Зел от пóлица іабóлката и óтишол каі самови́лите, та и пýштил от каі што беа обéсени. Кога óшле самови́лите дома си и нáідоа дéцата изгóренн. „Ле-лéх, мори сéстри, беше рéкла éдната на дрýгьите, бéганье не пéри нáм, друго ни́што.” От стрáо на мóмчето беа избéгале самови́лите на далéчната стрáна. Му и óднесло іабóлката мóмчето на стáрио, татка си оладжак, и му дало едио іáболко да го и́зеи ; едно го и́зел — и му се отвóрило еднотó око. „Даі сега, тáтко, му рéкло, ýште дватá клýча от двете óдаи, да ви́дам што има в нáтре, ако сáкаш ýште éдното іаболко да ти го даам, да го и́зеиш и да прóвидиш.” Изваил стáрио клучéіте и му и дал, а мóмчето му го дал ýште éдното іáболко.

 

Кога отвóрило мóмчето пѫ́рвата óдаіа, ви́дело éдна чéшма, што тéчело злáто, се навéдило на чéшмата и се и́змило глáа, за да се óладит, и от глáата дури до пóіасо сето се позлáтило. До чéшмата имало éден кóнь со кри́льа, сé опóзнале со кóньо. Отишло мóмчето каі дрýгата óдаіа и от коа

 

 

169

 

іа отвóрило, ви́дело и́ тамо éдна чéшма и до чéшмата и́мало вѫ́рзано éдна мáска и́ таа со кри́льа. Си и́змил нóзете от таа вода и се стóрил óт нозе дó поіас си́от от стрéбро. От коа посéдело некое врéме мóмчето, му се здодéало сáмо во таіа пустéлиа и му се посáкало да си óдит во нéкоі грáт, каі што има мнóгу лугье.

 

Éдна вéчер óтишол кáі кóньот и се згóворил да бéгат. „Áрно, мóмче, сàкаш да бéгаме óд овде и іáс за бéганье сáкам, за да нé бидам во óваа апсаана, áрно, ама треба да знáиш оти стáрио кье іа вьáвнит мáската и бидéікьи тáіа іет пó іунак, кье не втáсат и кье не врáтит.” — „Ами како да прáиме, бре кóнче? му рéкло мóмчето, кажи ми ако ти вáштат ýмот.” — „Да зéмиш чéшелот, мáлку сол и éдно ши́ше мáсло и аі да бéгаме,” му рéкол кóньо на мóмчето.

 

Си зéло мóмчето, чéшелот, сол и ши́ше мáсло и си го іавнало коньчето, та си тѫ́ргнало да бега.

 

Сéтил стáрио іáвнал мáската, та се пýштил пó него. Óвде, онде, го при́втаса и едно го виде кóньо, му сви́ка на мóмчето: „вѫ́рли го, мóмче, чéшелот на земи, оти кье не вати стáрио.” Го вѫ́рлило мóмчето чéшоло и вéднаш беше се стóрило éден áрман тѫ́рнье. Ýдри стáрио мáската да пóмини, ýдри, нé можел и се врáтил од óкалу да пóминит. Бидéікьи пó бѫрза мáската, пак го при́втасал стáрио мóмчето. „Вѫ́рльи, бре мóмче, сóлта, оти не вати стáрио,” му рéкол коньо на мóмчéто. Іа вѫ́рлило сóлта и се стóрило една стрáшна плáнина сáде спи́ли и кáменье. Ýдрил стáрио мáската, ýдрил да пóмини преку плáнина, нé могол и пак зáвѫртел од óколу и пак го при́втасал мóмчето. „Истýри го, бре мóмче, мáслото, му рéкол коньо, оти не втáса стáрио.” Го истýрило мóмчето мáслото от ши́шето и вéднаш беше се стóрило една рéка гóлема. Ýдрил стáрио мáската да пóминит, нé можел да пóминит и дал вик по мóмчето: „Стóі бре мóмче, нé бегаі да ти кáжа нешто, стóі, бре мóмче, нé бегаі.” И тóгаі беше застанало мóмчето да чуе што кье мý кажит. — “Кáжуі стáрче, што кье ми́ кажиш?” му рéкло. — „Види се, бре мóмче, оти óт глаа дó поіас си позлáтено и óт поіас дó нозе си́от си стрéбрен, пóкри се да не сé глеаш óти тáка лошо кье пáтиш,” му рéкол стáрио и се врáтил нáзат.

 

Кога се ви́дело мóмчето, ви́стина óт глаа дó поіас позлáтено и óт поіас дó нозе пострбрéно бéше би́ло. Зéло от нéкоі пи́тач ветви áлишта и се препромéнило да не се пóзнаат оти іет позлáкьено и пострéбрено, си клало нá глаа пот кáпата едно суо чкéмбе да се кáжуат кьéлеш. Лéтнал кóньо éдна вéчер сó него и го óднесло во бáвчата от цáреа кьéрка, от по-мáлата; чýнкьи цáрот си́ имал три́ керкьй и си́те три си́ имале по éдна бáвча и во сéкоіа бáвча по еден бавчáнджиа, да му и рáботит бáвчите. Кага се ви́дело мóмчето во бáвчата от цáреа кьéрка, му зéло от кóньо едно влáкно и го испýштило да си лéтни: „Аі кóньче, óі си сега, му рéкло, да кога кье ми трéбаш, кье те ви́кнам.”

 

Сéднало мóмчето во éден кьош со скѫрстени́ раце, како нéкое сирóмавче. Шетáікьи бавчанджи́іата ни́с бавча го видел мóмчето, кáі што бéше се стýткало како нéкое сирóмавче. „Што си́ дошло, бре мóмче, му рéкол бавчанджи́іата, óвде во цáреа бáвча?” — „Аман стри́ко, ти́ и Господ, при́имаі ме да ти слýгуам за едно пáрче леп, оти сум мнóгу сиромав.” Кога чул бавчанджи́іата тие жални збóрои от мóмчето, му се нажáлило и го при́брал да му чи́ни и́змет во бавчата. Дéнье си рабóтило ни́с бавча, и нóкье си лéжало во кокошарникот. Некóлку дни со рéт што іа глéдало мóмчето цáреа кьерка да стрит на пéнджере и да се пýлит во бáвчата и мóмчето іа глéдало от кокошáрникот н си рéкло со ýмот да го ви́кни кóньот. Сéкнал еден трат [1], го нажежал влáкното от кóньо и вéднаш дóлетал кóньот. И

 

 

1. Прахань.

 

 

170

 

слéкло мóмчето парталáите áлишта, го внало кóньот, та го рази́грало ни́с бавча и кога го видéла цáреа кьéрка, сѫ́рце вáтило. „Ах, с си́рота, си рéкла сáма сó себе, кое кьé бидит овá момче, за с да го зéмам “. От кóа дóиграло мóмчето со кóньо, го и́спушти и си влéзе в кокóшарник да си спи́ет. Цáреа кьéрка беше го видела, и го сéтила кóе т, чýнкьим от нéкоі ден пóнапрет беше го видела кога му помагало на бавчанджи́та. Утрото дóшол бавчанджи́іата и кога глéдат сéта бáвча истрóпчкана от кóнь „Коі дошол, бре кьéлеш, нóкьеска со конь што и́згазил вака бáвчава?” — „Мáісторе, не го познав кóі беше; едно мóмче беше со еден кóнь, тоа и́граше и пак си óтиде. На ти́е збóрои дóшла цáреа кьéрка и му рéкла на бавчанджи́іата: „што гó караш кьéлешо, бáвчанджи, штó зиіан (щета) ти стóри?” — „Како што гó карам, чести́та цáреа кьéрко, кога нé вардил нóкьеска. Еве дóшол нéкоі нóкьеска и ми и́згазил бавчата; ѝльада грóшеи зи́іан ми стóрил.” — „Нá ти две и́льади, бре бавчáнджи, му рéкла цáреа кьéрка и не кáраі го кьéлешот.” Му и зéл двете и́льади и зáкьутел бавчанджи́іата. Другатá вечер пак го и́грал кóньот кьéлешот и трекьатá вечер пак го и́грал. Цáреа кьéрка пак му плáтила на бавчанджи́іата зи́іанот за едното двé от кóлку што пóсакал тоі.

 

Дóшла една вéчер цáреа кьéрка каі мóмчето и му дала пѫ́рстен пóзлакьен за ни́шан да знáит, оти него кье го земит и дрýги не іе чáре да зéмит. И надеждила цáреа кьéрка (по-малата) двете и́ сéстри, за да и мáжит царот. От коа се созборýале си́те три́ сестри, му се стéгнале на цáрот да и мáжит. От коа ви́дел цáрот зóрт от кьéркьи си, напраил три болкьи позлáкьени и сви́кал штó е мáшко от грáдот да се збéрат на едно мéсто. Се сóбрале сé што било мáшко и се нарéдиле си́те три́ керкьи от цáрот; се заповéдало отъ цáрот да вѫ́рват си́те прет кьеркьи му. Се навѫ́рвеле да вѫ́рват и големата кьéрка от цáрот си бенди́сала едно бóгато мéмче, та вѫ́рлила со бóлкото и си го ýдрила, си го зéла за мáш да биди. Тáка и стрéдната си зéла едно мóмче от наі бóгата кýкьа, а нáі мáлата ни́кое мóмче не бенди́суа и штóм дóшло кьéлешо да вѫ́рвит, беше си го удрила. Свикале цáрот со си́те покрáі него: „іáнлѫш, іáнлѫш вѫ́рли цáреа кьéрка”. Пóвторно пак се навѫ́рвеле си́те да вѫ́рват и пак таіа кьéлешот беше го ýдрила. Трéкьи пат пак нéго беше го ýдрила, и кога ви́де цáрот оти сé кьéлешо го уди́рала помáлата му кьéрка, при се што милуаше мнóгу, му се одми́лило и со лýтина сви́кал: „аі кѫ́рши си глáата, кьéрко, со се кьéлешо, да не тé глеам прéд очи, лéли не го бéндиса и ме ýстрами.” Си го зéла кéьлешо и си óшла во кокошáрнико да си сéдит.

 

Поми́нало нéкое врéме и цáрот го заболеа очите; го лекýале нéмало вáіде от ни́што. Му рéкал нéкоі нá царот да нáіди от вил (слонъ) млéко, да му тýрат две-три кáпкьи от млéкото, кье му óздрават. Е, коі кьé оит да наіди млóко? Зетóите кьé одаат. Кога чýла помалатá кьерка, óшла кáі царóт и го мóлила да му дáит на кьéлешот еден каков-годе кóнь, за да ои́т и́ тоі да бáрат млéко. „Аі бегаі óт тука, и мáжо ти (кеьлешот) мóжел да нáіди млéко.” — „Те мóлам, тáтко, му рéкал, даі му еден кóнь да пóіди и кьéлешот, бéлкьи кье нáіди.” — „Аі нека зéми и́ тоі конь и истáі ми се от пред очите,” іе рéкол цáрот. Зел кьелéшот еден наі-слап кóнь и óтишол тоі пóнапрет, на пáтот нáшол еден бáтак гóлем, та го зáкачил кóньо и чéкал да пóминат баджанáците, за да го ви́дат. По мáлку врéме втáсале баджанáците, и кога го ви́деле зáкопан до колéници во кáлта, кáі се мáчел да го вади́т кóньот от кáлта. „Еіди мóре кьéлеш, му рéкле, па и́ ти кьé одиш да свѫ́ршиш рáбота.” — „Амáн, бре баджáнаци, éлате да ми помóжите за да го и́зваам кéньот от кáлта,” им рéкол кьéлешот. Се изнасмéале баджанáците и си дýпнале кóньите пó пат. Едно заминале до некаде и кьéлечют беше го жéгнал влáкното от кóньо со кри́льата и вéднаш беше му втáсал. Слéкол

 

 

171

 

лóшите áлишта, го внал коньо и óдлетал каі што и́мало ви́лои, та зел млéко во едно ши́ше и зел во дрýго ши́ше млéко от дивá свиньа та и прéчекал баджанáците на пáтот. „Кáде вáка, мóмчиньа, и прáшал кéьлешо, сте се упáтиле?” Кога го вѝдоа тие сéто позлáкьено и пострéбрено, на чýдо беше стáнале. „Ни́е, мóмче, óіме да бáраме млéко от ви́л за очобол,” му рéкле. — „Тáмам, éте го, го нáідовте, им рéкол, еве с и́мам млéко от вил, ако сáкате да ви го дáам.” — „Амáн бре брáте, му рéкле, колкý пáри кье ни сакаш, кье ти дáиме, само дá ни даиш.” — „Пáри с приіатели нéкьум, им рéкол, с сýм мнóгу бóгат, éве како што ме глéате, ако декшáате по éден мỳур на бýтот да ви ýдрам, éве го ши́шето, нá ви го.” — „Áі нéка ни ýдри, рéкол поголéмио на помáлио, чýнкьи немáт коі да не ви́дит, и́ така сме го нáшле тóа што го бáравме.” Му се навѫ́ртиле да му ýдри по еден мýур и му го дал кьéлешот свинцкотó млеко.

 

Тѫ́ргнале нáзат да си óдаат и кьéлешо од óколу пак си влéгол во кáлта, да го вáдит кóньот. „Уште си тука, бре кьéлеш, му рекле, ние оти́довме и се врáтивме, ти уште кóньо го вàдиш.”

 

Му дале млéкото на цáрот и едно тýрил в óчи, ýште пóлошо му се стóриле. Отишла кьéрка му от царот по мáлата и го помолила да му дóнесит и́ таіа млéко што дóнесол кьéлешот. „Бéгаі от тука, рéкол, двáіцата зéтои нé нашле от ви́л млéко, што оти́доа до крáі-земьа, да кьéлешот твоі нáшол, што беше се закопал во бáтакот.” — „Те мóлам, тáте, му рéкла, óбиди една кáпка, белкьи кье ти дóит поáрно.” — „Е, аі дóнеси де, аі да ви́диме,” іе рéкол цáрот. Донесла млéко и му капнала éдна кáпка вó обете очи, та вéднаш му се провидело. „Ов, да си ми жи́ва, кьерко, што ми даде виделце на óчите” рéкол цáрот и дал една друга óдаіа да сéдат. Арно ама пак нé кьел цáрот да и́злезит кьéлешот прéд него.

 

По мáлко врéме се отвóрило éден джéнг помéгьу цáрот и еден друг цар. Сóбрал цáрот вóіска и зел зетóи си сó себе, та тѫ́ргнал да оди нá боі. Излегла кьéрка му прет цáрот и му се мóлила да му даи́т еден конь и на кьелешот, за и́ тоі да одит нá воіска и от мнóгуто додéанье, запóведал цáрот да му дáат еден конь, áма нáзат по вóіската да óдит. Іáвнал кьéлешот кóньот и го зáкопал во една кал на пáтот. Поминал цáрот со зетóи си и со сéта вóіска, и кога виде кьéлешо каі туку се кáшкал со кóньот во батакот, многу беше се ýстрамил и се прéпраал гьоа не гó гледат. Сéта вóіска што го глéала, си́те се смéале и се шегýале со кьелешо. Се óтворил джéнгот и цáрската вóіска тýку-рéчи вáтила да се плáши; во тоá време втáсал кьéлешот со кóньо што лéшташе и тýку му влéгол на дрýгата вóіска да сéчи со сáбьата и сóкаци да прáит. Кога ви́де таá воіска такаов іунак, трéштела и избéгала. Пóминал кьéлешот пóкраі цáрот и беше си го нáсекол малиó пѫрс от нáвала, да му тéчи кѫрв. Го ви́дел цáрот и и́зваил маврáмата позлáкьена, та му го вѫ́рзал прѫ́сто, извáиле двáта баджáнаци пѫрстéньето позлáкьени и му и дáле на кьéлешо. Си тѫ́ргнал царо со воіската за дóма и кьéлешо одóколу пóшол во кáлта да го вáди кóньот. „Тьýф ала-бельани́-версѫн со овоі кьéлеш што си нáлепив, за стрáмота ме стóри,” рéкол царо. От коа си óшол цáрот дóма, ви́кал éдна вéчер гóсти си́те гóлемци. Ошла помалата му кьерка каі цáрот и го мóлила да поіди и́ кьéлешот нáгости; от коа мнóгу го мóлила, му дáл и́зим да оди и кьéлешот, áма нáі-долу да сéднит. Се нарéдиле óколу цáрот си́те гóлемци на тѫ́рпеза, и кьéлешот сéднал наі-долу. Му потýриле на си́те рáце да се измиіат и си извáиле сéкоі шами́ите да се и́збришат, и́зваил и кьéлешот позлакьéната маврама, што му дáл цáрот. Кога видел цáро, на чýдо беше стáнал. „От каі наіде таіа мáврама, бре зéту? му рекол цáрот. — „Ами ти лéли ми іа дáде, чéстити цáре, му рéкол кьéлешо, кога си прéсеков пѫ́рстот на джéнгот.” — „Да ти́ зер беше, бре зéту?” му рéкол цáрот. Ри́пнал кьéлешот, жéгнал влáкното от коньот,

 

 

172

 

дóшол кóньот и го внал кьéлешот; слéкол лóшите áлишта и му се вкáчил нá сараі каі цáрот. Кога го ви́доá, си́те се зачýдиа. „Іа ви́ди, честити царе, ти́е твóі зéтои на десните бýтóи дали нéмат по еден мýур, што му дáдов млéко сви́нцко за очите кога те бóлеа.” Кога и ви́де, ви́стина и́мале по éден мýур. Тóгаі кьéлешо го клáде дé себе, а дрýзите зéтои пó-долу од нив, и наі-послé цар се стóри кьéлешот до после.

 

 

Слушана отъ Спасета сина ми.

 

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]